Правила на форумот
Правилата служат за разјаснување на одговорностите на членовите на заедницата на Твое Бебе - Форум. Почитувањето на правилата е задолжително за сите членови, а придржувањето до нив ќе обезбеди форумот да функционира непречено, како и да биде продуктивно искуство за сите членови на заедницата и за гостите.
Правила за пишување на форумот
Правила за пишување на форумот
- 1. Постовите пишувајте ги во соодветните подфоруми и соодветните теми. Доколку се случи повеќе пати да постирате во несоодветна тема, ќе добиете предупредување. Три предупредувања автоматски значат привремено банирање.
2. Пишувајте на кирилично писмо.
3. Постовите нека бидат напишани со почит кон останатите членови. Забранета е употреба на навредливи и омаловажувачки изрази и тон. Целта е да успееме да постигнеме пријатна атмосфера, во која ќе има почитување кон сите членови.
4. Забранета употреба на материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
5. Забранет е секаков вид на СПАМ. Забрането е линкување до други сајтови, со цел нивна реклама, како и рекламирање на други производи.
6. Kога ставате текстови наведете го изворот.
7. Доколку сметате дека некој пост е несоодветен пријавете го кај модераторите.
8. Не е дозволено форумов да служи за промовирање на суеверие, надри-лекари, бајачи, гатачи, гледачи и слично. Таквите теми веднаш ќе бидат бришени.
9. Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на нивните автори, а не на администраторите на форумот.
- 1. На следната тема можете да прочитате како да ставите тикер во вашиот потпис " Како да поставите тикер " Доколку имате нејаснотии, можете таму да поставите прашање и да добиете помош.
2. Тука можете да прочитате како да ставите слика - аватар на вашиот профил " Како се става слика (аватар) на профилот " Доколку имате нејаснотии, можете таму да поставите прашање и да добиете помош.
- 1. На следниот линк ви е достапна секцијата со Често поставувани прашања.
2. Доколку имате други прашања во врска со функционирањето на форумот, ќе можете да прочитате во следниот подфорум: Технички прашања .