АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА
Правила на форумот
ТУКА Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова. АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАеве ја отварам темава, бидејки верувам во алтернативната медицина, секој кој има искуство кој пробал некој лек или слушнал за некој лек, без разлика дали е за карцином, алергии, имфекции бактерии, нека го напише тука. јас читав дека телото се исцелува ако на изгејсонце и на зајдисонце по 10 секунди се гледа директно во сонцето без наочари за сонце и да газиш бос на сува повшина, секој ден се зголемува по една секудна се додека не се дојде до 30 минути. имаше на ТВ еден човек од индија од 1990 година освен ос сонцето и еднаш во месецот што пие вода со ништо друго не се храни. ова малку ми лич на научна фантаскита ама еве колку да ја почнам темава да напишам нешто интересно.
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАтоа го советуваше и др.слаѓана велков,редовно ја следам на фб.има многу совети за користење на жива храна во исхраната,дури и лечење на некои болести со менување на начинот на исхрана.баш пишуваше еден човек кој имал диабет и за 40 дена без терапија само со јадење на жива храна го регулирал шекерот.кога ке имам повеке време ке пренесам некои од нејзините совети
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАКога има човек мака и за сламка ќе се фати.
Инаку верувам во алтернативна медицина.Убава тема за размена на искуства. Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАВерувам дека здравата природна, непроцесирана исхрана може да направи огромна промена за здравјето, избегнувањето на ГМО, адитиви, пестициди итн е клучно за здрав организам.
Постот е исто така силно оружје за подобрување на здравјето. Верувам дека тревките имаат голема исцелителна моќ, дека храната може да биде лек. Отворив тема за куркума (ме воодушеви брзото и силно дејство). Кога се работи за Квини гледам секогаш ако може да поминеме со некоја тревка и да избегнеме поагресивни третмани (се разбира некогаш ја користиме и конвенционалната медицина, си има свое место). Колоидното сребро се има покажано како силен антибиотик (само да е квалитетно), не верувам во чири бу чири ба, ама во природна медицина да! За подобрување на имунитет и против проблеми со стомакот е одличен колострумот. Капсули од брусница се одлични против уринарни инфекции. Исто така и чај од листови од малина. Квалитетни пробиотици се исклучително важни не само за стомакот, туку за целиот организам. Како што кажуваат 70-80% од имунитетот се наоѓа во стомакот, кога стомакот е оштетен организмот е многу поподложен на заболувања. За третман против рак имам читано дека има многу алтернативни решенија, едно што ми остави голем впчаток беше лекување на ракот со кислород, италијански лекар тврди дека канцерот е габично заболување и има постигнато успех со лекување со кислород Овој сајт е многу богат со искуства од алтернативна медицина http://www.earthclinic.com/ , често пати чепкам таму...
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАнезнам дали смеам овде да пишувам. ме интересира дали некој слушнал за треварката Лиле од Велес. сестрами ми рече дека читала во весник а и на ТВ гледала некоја емисија дека многу им помагала на луѓето со тревки поточно некој капки или нака нешто. сестрами викаше ајде да одиме кај неа, па си реков некој да не чул за неа.
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАБеломорка јас имам слушнато за женава,но не од мој директен пример. Моја многу блиска колешка кажуваше дека нејзината сваќа имала рак (мислам на бели дробови) и после сите обиди со класичнава медицина ја однесоа кај Лиле од Велес (прочитале во весник за неа). После извесно време се пофали дека веќе нема ништо од ракот, женава била чудо. Ми рече да запишам нејзин телефон (за недај боже) па еве сега ги најдов тел. во мобилниов. Незнам дали смеам тука да ги објавам,ако има некој проблем и во лп ќе ти пратам
043 239 019 070 333 422 Мое мислење е дека вреди да се проба. Сепак природата за секоја болест има измислено и лек, па има луѓе кои знаат тоа и да го применат. Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАфала мила најмногу. се надевам дека не е проблем што се тука запишани бидејки на секој може да му помогнат, и на кока и на саншајн и на сите на кој им треба помош. јас дека имала и некој чаеви и капки и за стерилитет. дајбоже да помогне за мајками па одма на сите ке ви пишам. од овие лекови природни мислам дека зијан нема.
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАНе е проблем да стојат информациите за траварката, може ќе помогнат некому. Јас уште вчера го видов постот, ама не пишав оти немам информации.
Ако сакате или ако сметате дека е корисно ставете линкови и повеќе информации и за тој отров од шкорпија, газија... клиниката во Тирана... се што сметате дека ќе помогне некому. (бајачи и сл. надрилекари ...не промовираме, ама ова се лекови, во случајов природни (smile) )
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАNekade imam procitano " KOMBUHA UBIEC NA RAKOT ". Kombuhata go zgolemuva imunitetot na organizmot.
Re: АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНАјас имам прочитано за лечење со сода бикарбона, бидејки ракот живее во киселост, а содата ја убива киселината.
кока мила ти мислам напиша дека си комуницирала во клиниката по меил за лекот од отров од шкорпија?! а каде ти рекоа дека може да се набави?!
Кој е присутенМоментално присутни на овој подфорум се: Нема регистрирани корисници и 1 гостин |
|