Switch to full style
Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Правила на форумот

ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.

ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Нед Мар 15, 2015 12:40 pm

Постот и темата се отворени чисто за забава и се разбира дека полот е најмалку битен за едно дете.
Подоле во продолжение е објаснет методот на Шетлс за добивање на дете од определен пол. Ме интересираат ваши искуства дали е навистина така и дали дава точни резултати. Дали пред оволација се зачнува девојче, а на овулација момче. Ако се секавате кога зачнавте, споделете.
Кај мене на ден на овулација - резултат Машко . Што еве се потврди за точно.
Кај вас?


Теоријата на Шетлс се основа на принципот дека „машката“ и „женската“ сперма имаат различни карактеристики.

Карактеристики на спермата со хромозом Х (женска). Сперматозоидите кои носат Х хромозом се поголеми и поиздржливи, но побавни.
Карактеристики на спермата со хромозом Y (машка). Сперматозоидите кои носат Y хромозом се побрзи и помали, но помалку издржливи.
Според методот на Шетлс, врз полот на бебето влијаат: темпирањето на сексуалниот однос во зависност од менструалниот циклус на жената, т.е. овулацијата, позата за време на сексуалниот однос и длабочината на пенетрирањето.

Како да зачнете машко?
Сексуален однос за време и по овулацијата. Според методот на Шетлс, парот кој сака да добие машко треба да практикува заштитен сексуален однос до 4 дена пред овулацијата. Потоа, четирите дена до овулацијата да апстинира, а на денот на овулацијата да практикува незаштитен сексуален однос. Тогаш жената е најплодна, а бидејќи машките сперматозоиди се побрзи од женските, поголема е веројатноста јајце-клетката да биде оплодена од сперма која носи Y хромозом. Апстинирањето се препорачува за да се зголеми концентрацијата на спермата.
Жената да достигне оргазам. Машките сперматозоиди се помалку издржливи од женските и ним им одговара алкална средина на вагината, а алкалноста се зголемува кога жената достигнува оргазам. Оргазмот им помага на машките сперматозоиди да преживеат, а контракциите при оргазмот им помагаат уште побрзо да стигнат до јајце-клетката. Затоа, Шетлс препорачува жената да доживее оргазам пред или во исто време со нејзиниот партнер.
Секс пози кои овозможуваат длабока пенетрација. Д-р Шетлс ја препорачува кучешката поза. При длабока пенетрација, спермата навлегува подлабоко одноосно поблиску до матката, па машките сперматозоиди треба помалку да патуваат и побрзо ќе пристигнат до созреаната јајце-клетка.

Како да зачнете женско?
Сексуален однос најдоцна до 2-3 дена пред овулација. На паровите кои сакаат да добијат женско, Шетлс им препорачува да практикуваат незаштитен секс најдоцна до 2-3 дена пред овулација. Причината за тоа е што сперматозоидите можат да живеат максимум 6 дена во женските полови органи. Па, додека настапи овулацијата, неиздржливите „машки“ сперматозоиди ќе изумрат и ќе останат само издржливите „женски“ за да ја оплодат јајце-клетката.
Жената да не доживее оргазам. Оргазмот ја зголемува алкалноста на средината на вагината, а таа средина е погодна за „машките“ сперматозоиди. Затоа, ако сакате да имате женско, треба да се воздржите од достигнувањето на оргазам.
Секс пози за мала пенетрација. Ако сакате да зачнете женско, треба да практикувате пози кои овозможуваат само мала пенетрација. Така спермата ќе навлезе подолу во репродуктивните органи, каде средината е помалку алкална, а тоа е неповолно за „машките“ сперматозоиди. Исто така, спермата треба да помине подолг пат до јајце-клетката, па издржливите „женски“ сперматозоиди ќе имаат поголема предност.