Дете од 1-3 години. Се што е поврзано со децата на оваа возраст, наши иксуства, проблеми и совети.
Правила на форумот
ТУКАВе молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Сре Феб 18, 2015 2:22 pm
Вчера Појадок: јаболко, круша, праска и плазма за грицкање
Ужина: потпечено лепче со патлиџан и кашкавал
Ручек: печени ќофтиња од пилешко месо, тиквица, морков, брокула, просо
Ужина: цеден портокал
Вечера: мусли со кисело млеко и сок од калинка
Чет Феб 19, 2015 12:09 pm
Појадок:
Ананас, манго, две урми и маџун
Ручек:
Телешко, макарони, чери домати, путер, пиперка и лук
Вечера:
Пченичен гриз ( прв пат ) со 150 мл вода и 50 мл кравјо млеко ( исто прв пат), рогач, боровинки, јаболка
Ужина: пола домашна кифличка
Втора ужина: една мандарина и пола портокал
Чет Феб 19, 2015 3:15 pm
Од кеиф морам да пишам За ручек ми изеде се и уште побара Изварив спанаќ со кромидче. Кога се свари го изматкав со јајце од потполошка и со тоа намачкав тортиља. Малце сушено лукче ставив и малку ренданкашкавал. Ја преклопив тортиљата и ја потпеков на тостер. Јајцето внатре убаво се испече. Се изнајаде со кисело млеко. Овој начин во последно време и е омилен. До сега правев со лепче, ама некако ми се чинеше многу леб јаде и направив тортиљи. Големи колку чинивчиња за слатко.
Појадок јадеше кива, праска, јаболко, банана и плазма за грицкање
Ужина сок од портокал и калинка
Ручек тортиљите со спанаќ
Втора ужина ако побара ќе и биде мандарина
Вечера гриз со боровинки и семки од тиква
Сите три имате пишано за лосос. Како им го давате да го јадат? Варен па блендиран со зеленчукот или...
И ако може некој предлог за гравче. Никако не ми го сака. Го јадеше во комбинација со тиква, но немам веќе тикви и кога последен пат и дадов од нашата манџа (без запршка) доби нагон за повраќање. Немам идеја како би и го спремила.
Чет Феб 19, 2015 11:22 pm
Ве читкав барам идеа за јадење за Г па ме зачуди Тина , извини што се мешам сепак ти си знаеш , ама не мислиш дека 1год е многу рано за да јаде ореви, бадеми ,мед ... ?
Јас мислам дека сето тоа е барем после полни 2 год .
Чет Феб 19, 2015 11:51 pm
Тина јас грав уште немам дадено од страв за мешето. Едвај се навикна на црвената леќа и тоа по малку и плус со ким и ја варам.
Лососот јас го правам на пареа со останатиот зеленчук. Можеш и печен во фолија со маслиново, лук и некоја капка лимон ако си дала.
Појадок:
Круша, авокадо, суви кајсии и маџун
Ручек:
црвена леќа, ким, лук, пиперка, шери домат и лебче
Вечера:
Ржани и овесни снегулки, капини, јаболка и една доза ( 30 мл) Аптамил
Денес сме без ужини, пичнуваат 4-те да излегуваат, се надевам нема пак да се изремети.
Пет Феб 20, 2015 12:13 am
Појадок- јаболко, бисквити, боровинки, кива
Ручек- морков, цвекло, кромид, брокула, маслиново
Вечера- чорба/супа, морков, целер, фиде и палента
ужинки- бисквитче, мусака од нашиот ручек.
Изгледа само јас не сум дала кравјо млеко сеуште :-/
Пет Феб 20, 2015 9:05 am
Тина, јас првиот пат го варев лососот со останатиот зеленчук па блендирав се, не ми го сакаше блендиран. Сега го печам со маслиново, лук и лимон, заедно со зеленчукот и многу малку водичка и покриено со фолија. Ќерка ми не сака веќе блендирано и си јаде парченца. А грав имам дадено само еднаш 5-6 зрна од нашиот.
За менито, пак имаме мал штрајк со јадењето и пробиваа деновиве последните 2 тројки и се надевам веќе ќе сме раат некое време до петките
Вчера:
Појадок : тарана со сирење
Ручек: супа со морков,целер, пашканат, батат, кромпир, брокула и фиде
Вечера не сакаше.
Ужинки: пола јаболко, пола банана, и кисело млеко
Пет Феб 20, 2015 12:24 pm
[quote="Crnokosaa"]Ве читкав барам идеа за јадење за Г па ме зачуди Тина , извини што се мешам сепак ти си знаеш , ама не мислиш дека 1год е многу рано за да јаде ореви, бадеми ,мед ... ?
Јас мислам дека сето тоа е барем после полни 2 год .[/quote
Нема проблем Црнокоса. Не се мешаш, затоа сме тука. Инаку ништо не и давам без претходно да се консултирам со матичната и со уште еден постар педијатар. До сега немала никаква алергиска реакција на храна и матичната ме поддржува. Инаку ги мелам пред да и ги ставам во кашата. Како брашно стануваат. Давам на пример 2-3 бадеми или половина јатка орев. Се што имам дома и знам дека е природно незагадено би сакала да и го дадам. Дури купувам триста други работи што не ни знам од каде потекнуваат, побрзо би и дала тоа што го имам.
Фала ви на сите за одговорите. Значи да не му се секирам за гравот. Јас имам дадено трипати по неколку зрна, но со тиква. До сега немала проблем со мешето освен на почетокот од блитвата. Среќа Мерид ми кажа да ги тргам конците и сега нема проблем.
А, Радост кимчето откако ќе се свари го тргаш или и го мелиш заедно со другите?
Риба чекав дали ќе најдам од езерскава ама како и за сите други работи така и за тоа во градов се фаќаат врски. Па не успеав да најдам. Штом давате лосос, ќе пробам и јас.
Пет Феб 20, 2015 12:46 pm
Океј е штом си се консултираш и башка нема никаква реакција тогаш во ред е .
Јас На Г не му давам само јаткасти плодови и свинско месо , друго се .
Мислам многу работи ние воопшто не купуваме што гледам дека вие давате , на пр црвена леќа не сум купила никогаш , од овошје манго ананас папаја такви раб не , од зеленчуците и зачините што ги спомнувате воопшто не ни знам како изгледаат ..
Јас го хранам обично ние што јадеме . Манџи , грав, леѓа, грашок , боранија месо пилешко телешко јарешко а риба ослич ... сирења кашкавал, павлака, јогурт, млеко кравјо , зденки ...
житариците не ми ги сака со млеко не ги јади никако , а со мелени немам пробано одамнаааа . Корнфлекс си грицка така и оризови можи да поткасни така ..
И нормлно сувомеснати , паштети, виршли, мајонези , салами , колбаси , мелено мешано никако ....
Пет Феб 20, 2015 3:21 pm
jas ne sum za ovaa tema ama ja citkam okopirana so hranenjeto na S
Tina tortilji uff ako bev vo blazena sostojba tesko mene ke beshe
jas imam kupuvano gotovi za varenje ama me fati merak za ovie domashnite testo pravish od sto...?
ako mozih pisi mi pa da go nahranam mm kako todler
Powered by phpBB © phpBB Group.
phpBB Mobile / SEO by Artodia.