Switch to full style
Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Правила на форумот

ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.

Цени на породување во приватни болници

Саб Мај 21, 2011 3:17 pm

дали знаете како се движат цените по приватните болници?
јас планирам да одам во систина ама уште не ми текнало да прашам за цена

Re: Цени на породување во приватни болници

Вто Феб 12, 2013 11:03 am

Околу 1000 евра е во Систина за вагинално породување со 3 болнички денови во двокреветна соба, вклучена е и епидурална. И во Лазар исто, само не беше вклучена епидуралната барем јас кога се пораѓав, ама пак исто пари. Ако се пораѓате со царски, и имате на пр. потреба од крв тоа си го доплаќате. Ако треба да се провери крвна гурпа на бебето како во мојот случај и тоа се доплаќа. Пишуваше на еден флаер или сл. што се вклучува. За поточни информации јавете се, се ќе ви објаснат.

Re: Државна или приватна болница

Чет Феб 21, 2013 8:52 pm

Надја никаде неможам да најдам на сајтот на Систина колку се породилните пакети и што опфаќаат, нешто што читав по интернет некои стари постови цената таму кажува дека е иста како во Ремедика 65000 денари за спонтано породување со вклучена епидурална или спинална по избор, а во Ремедика е исто 65000 денари со вклучена спинална, за епидурална се доплаќа уште 100 евра, и за двете пишува вклучени се 3 болнички денови и основните прегледи на новороденчето (незнам што вклувуваат тие прегледи). До сега не сум била во Систина ни на прегледи ни на ништо, незнам како и што е таму а во Ремедика колку толку ми е познато. Читав и уште нешто, во Систина издавале некоја си потврда за новороденчето, па ме интересира зар не даваат некаков документ во било која болница да се породиш? Ај ве молам некој ако има некаква информација нека пише. Инаку читав во Систина баш хотелски услуги нудат, дури и фризерски Си се пораѓаш и после нели за сликање доаѓа мм ајде да ве сликнам со бебушко и ти чеееееееек, викаш фризер те средуваат и се сликаш демек на кафе си била излезена, не да се порагаш Морав да се насмеам, малку смешно ми дојде кога го прочитав ова, сеа може и во Ремедика и во св. Лазар е така ама ете не беше тоа нагласено како толку битна информација Него да си се навратам ја на муабетот, битно ми е која болница нуди подобри услови, не фризерски него за бебушот и мајките и секако цената и плаќањето на рати, доколку не е тоа некоја си стара информација која веќе не важи. Гушки до сите и ве молам пишете доколку некој има некакви понови информации или лично искуство

Re: Цени на породување во приватни болници

Сре Феб 27, 2013 5:39 pm

Herra, jas se odluciv za vo Sistina 65.000 den. e pripoden poragaj koj vklucuva epiduralna anestezija i tri bolnicki dena,a carski e okolu 93.000 den. Site moi drugarki sto se porodija vo Sistina se prezadovolni.Moze na rati za toa znam,a na kolku rati neznam.

Re: Цени на породување во приватни болници

Пон Јун 17, 2013 8:24 pm

Еве информација за оние кои не знаат за во Ремедика:


Породување / Normal labor and spontaneous delivery
70.000,00 ден.
• Epidural Anesthesia • Episiotomy suture • Cervical rupture suture • Manual removal of placenta • Manual revision of uterine cavity
3 болнички дена

Sectio Caesarea – Породување со царски рез / Caesarean Section
95.000,00 ден.
5 болнички дена


Јас се уште сум далеку од породување, сега сум храбра и одам во ГАК , иако во Ремедика сум со години, некако премногу пари ми се за давање ... ама до крај на бременоста Бог нека не чува, има време за одлучување.

Re: Цени на породување во приватни болници

Вто Ное 19, 2013 2:41 pm

читам сте пишале за плаќање на рати во систина.како оди тоа дали знае некој?
инаку не сум чула дека некој останал на тие цени што се пишани во пакетот за природно породување или царски.секогаш се допишуваат услуги па се стигнува над 100 илјади денари за царски на пример.

Re: Цени на породување во приватни болници

Вто Ное 19, 2013 4:01 pm

Цени за ПЛОДНОСТ Битола

* Спонтано породување со вклучени 3 болнички денови 35 000 ден
* Породување со Царски рез со вклучени 5 бол. денови 62 500 ден
* Доплата за Епидурална аналгезија 12 000 ден

Re: Цени на породување во приватни болници

Пет Дек 27, 2013 1:11 am

Maaja wrote:Цени за ПЛОДНОСТ Битола

* Спонтано породување со вклучени 3 болнички денови 35 000 ден
* Породување со Царски рез со вклучени 5 бол. денови 62 500 ден
* Доплата за Епидурална аналгезија 12 000 ден


неверојатни цени во споредба со другите приватни болници

Re: Цени на породување во приватни болници

Чет Ја 09, 2014 9:59 pm

Еве да потврдам. Царски рез во Ремедика чини 95.000 денари со 5 вклучени дена и целосна грижа за мајката и бебето. Јас барав дополнителни анализи на крвта на бебчето и платив дополнително 3.800, инаку останува првичната цена.

Re: Цени на породување во приватни болници

Чет Ја 09, 2014 10:24 pm

Радост ти таму се породи на крај, нели? Кај Ефремов?