Државна или приватна болница

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
melek
Нов член
Нов член
Мислења: 16
Придружен: 15 Apr 2012, 19:51

Re: Државна или приватна болница

Post by melek » 23 Aug 2012, 01:35

epa luge neznam znam samo deka slednoto bebe ke se raga vo nekoja privatna i sega svakam zasto davaat tolku pari jes da e skapo ama barem imas tretman i za sebe i za bebeto sto e najbitno se ti objasnuvaat a u GAK gi mrzi da stanat a ne da ti objasnt a najsmesno bese denta koga si odev toj dole od salter kaj sto gi davaat otpusnite listi ne bese tamu si otisol coekot a rab.vreme do 8h veceer a ova bese 4h popladne lele ja gotovo majkami u vazduh gi digna site pa se javuvase kaj vrskata pa ribanje sledniot den zamislete nemozes da si odis od bolnica zs toj si otisol ccc c c c c heheh sea mi e smesno ali togas i toa plus na moe baranje si otidov zosto ako gi slusav doktorine uste ke sedev u bolnica i ke izlezev koski i koza a vaka odma se oporavi moeto bebule za dva dena kako novo problemot bese pupaceto jas im vikam aj vie pustete me doma ja ke si sredam se so treba i taka si bese patronaznata se stra doagase 2-3 pati ko lapiziravme i eve sme supeer 09.08.2012 imase 5600g asega neznam inace dva meseca imame se rodivme 3870 i 53 sm i taka pozz

Mia85
Редовен член
Редовен член
Мислења: 377
Придружен: 06 Mar 2011, 23:11
Им се допаднал: 10 пати

Re: Во која болница се породивте?

Post by Mia85 » 31 Oct 2012, 21:24

Ne daj boze na nikoj da mu se sluci, ama jas sepak mislam deka privatna bolnica e najdobar izbor, normalno dokolku se ima uslovi za toa....jas sum prezadeovolna od Sistina...i ne razmisluvam za druga opcija, ako nekogas ragjam vtoro dete:))))))))))))

Mia85
Редовен член
Редовен член
Мислења: 377
Придружен: 06 Mar 2011, 23:11
Им се допаднал: 10 пати

Re: Во која болница се породивте?

Post by Mia85 » 31 Oct 2012, 21:27

Vo privatnive d agi molis prirodno nema da te porodat, ako malku nesto im e somnitelno...i toa mi s esvigja mnogu...Na drugarka moja slicen slucaj kako peperutka, samoinicijativno sakase prirodno, koga i dojde nejziniot doktor pod najitno carski ja porodi...pomina dve nedeli na detska klinika po sopstvena vina...fala bogu maliot e super...toa ne mi se dopagja na drzavnite kliniki...mnogu pacienti, losa efikasnost:)

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Породување

Post by Herra » 10 Feb 2013, 21:49

Миличка Бубаче, навистина си имала пораѓај каков што секоја жена би посакала и многу ми е мило поради тоа (a2) Душа мила, те изнамачиле ама бар Ланичка решила да не ја мачи мама дополнително (smile) А за сестрите и докторките... Ако не се лажам ти се породи на ГАК, така? Имам јас едно прашање, ова ваквиве случувања им се секојдневие таму или што? Мислам читам и не ми се верува дека врски си требала да бараш да би ти дале провокации... а што ако немаш врски? Што се случува тогаш со трудниците? И тоа дека нема никој ни сестра ни бутур, зар сами на себе се оставени и родилките и бебенцата? Мислам еве има уште 3 месеци до мојот пораѓај, ама па страв ме фаќа од ваквиве постови и коментари на многу кои се пораѓале на државна (sad1) Со врски и се и уште нема лифт оди си пешки, Ланичка со главчето излезена ти да трчаш до бокс зашто тие којзнае каде биле до тогаш да те видат до каде си... Не ми е јасно, како може вакви работи да се случуваат? Бубаче ти прибрана си била миличка, јас таму којзнае какви сцени ќе направам, па се работи за животот на нашите најмили, а не па уште да ги слушам таму да зборат вечер немало да се спие...Гушки сонце до тебе и Ланичка (a2)

bubace
Домашен член
Домашен член
Мислења: 601
Придружен: 02 May 2012, 20:32
Му се допанале: 249 пати
Им се допаднал: 235 пати

Re: Породување

Post by bubace » 11 Feb 2013, 11:35

Хера срце, фала ти на убавите зборови, човек мора да биде силен за да преживее некако во тие најтешки денови таму...инаку...ќе се мрднеш. Јас на ГАК се пораѓав,да, и односот им е таков, немој да очекуваш ништо подобро.Ова ти го кажувам не за да те исплашам, туку за да си бидеш спремна. На една жена таму и рекоа сама да си купи две провокации од аптека, една провокација е 900 денари, и и ја ставија едната, таа се отвори и и ја дале другата дома да си носи, па и рекле ,,земи си ја, ќе ти се најде,, Бог да чува. Инаку хигиената не е лоша, па и сите докотри и сестри не се лоши, немај гајле, ама ќе се најде некој да ти го расипе денот. Само биди силна, тие два-три дена брзо поминуваат,па после со бебчето дома ќе си уживкате. Само да сте живи и здрави а другото све се заборава и поминува. Цмокче

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Породување

Post by Mamino_srce » 11 Feb 2013, 11:57

Мене ми е навистина жал за секое едно лошо искуство со пороѓај. Се знае што секоја жена би требало да има во текот на тој преубав чин, какви услови и каква грижа.

Ама сепак не е секое искуство лошо искуство, па и на државните. Треба да бидеме обзирни и спрема оние трудници кои допрва ќе се породуваат, а кои немаат услови да се пораѓат во приватна болница и што сега? Не треба да се полнат со страх и исчекување дека таму ќе ги чекат пеколни моменти. Ако одат со такви мисли, не верувам дека и ќе можат да поминат подруго кога самите ќе си бидат под стрес од што ќе очекуваат само лошо. Лоши искуства има и во приватните болници, само Господ нека ги чува мајки и бебиња и се ќе биде во ред! Има секакви луѓе , и медицински лица и жени со различити захтеви и очекувања (не мислам на тебе Бубаче), само наводим општ пример дека работите не треба да се генерализираат.

Јас се породив во државна (не во Ск) и иако и од таму многу се жалат, јас пак ќе речам дека мене ми беше добро. Добив тоа што ми беше потребно во моментот. Не ме оставеа ни секунда не проверена до каде сум јас и моето бебе, чист професионален однос, сега некоја сестра е подружељубива (што и не мора да биде), некоја позатворена, такви се по карактер, не можев веднаш да им земам здраво за готово оти не ми се насмејала, а во тој момент тоа така би ми пријало ! Всушност, најтешкиот момент ми беше чекањето за болки кои не се ни појавија до провокација, тогаш се веќе изморив и психички и физички, ама се на се беше во ред. Дефинитивно има работи кои јас би сменила, ама не знам колку работите можат да бидат совршени, всушност никогаш. Бидејќи не има секаков народ, се знае што може да се очекува од јавни места. На пример, со мене во собата имаше една што пушеше цигари и наравно да е строго забрането пушење во в-ц-то, ама на неа и тоа беше најлесно бидејќи го слушаше бебето ако плаче. Имат и кажувано во болница и особљето и еве јас, ама таа пак кога мисли дека нема пречка одеше и пушеше. И после влегуваш после неа, и наравно у неспест ти се припаѓа. И кога сега да кривам за такви услови, па не можеше жена што е задолжена да дежура ко полицаец таму. А си вршеше добра работа, чистеше редовно. И дури нели има казна за пушење каде е забрането, јас би ја дури и казнила, ама ете тие си викаат ќе си оди, уште сега и да ја казнуваме кога е неразбрана и така. Тоа во поглед на услови...
Генерално, за се пак ќе речам, нема правило. Само со добра мисла и вера дека Господ ќе те чува таму каде човечката можност затаји и тоа е.

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Породување

Post by Herra » 11 Feb 2013, 19:43

Ццццц... човек да чита и да неможе да се доначуди. Како може на жена пред пораѓај да и кажат оди купи си ги провокациите сама, а што ако ете немало во моментот во аптеките околу? Па тие таму болница се или што се? А сум слушала исто дека и за епидурална така правеле, во стилот немаме, ајде што ќе ти е епидурална, па мајките наши како не раѓале без никаква анестезија и несакале да стават или пак ги наплаќале а колку што знам на државна треба да е бесплатна епидуралната. На другарка моја која се породување минатата година несакале да и стават, ја убедувале немало да има некоја разлика, па толку ли била слаба една болка да неможела да издржи, на крај ја породувале студенти затоа што имало само еден доктор на смена а во моментот се порагале неколку жени и на крај вели ништо не ја болело толку колку што ја болело кога ја шиеле без анестезија и повторно со коментарот ајде нема ништо да осетиш а веќе поминало некое време откако се порогила, што значи не било одма... УЖАС! Јас си велам ајде болките каде и да се породуваш ќе ги има и на приватно и на државно тоа е неизбежно, ама луѓе мои да те остават да почнеш сама да се пораѓаш, да нема кој да те надгледува до каде си и што си како на Бубаче што и направиле... Си викам душа таа па и сама дома ќе си се породела за така, бар ни ќе ја малтретирале таму, ни стесови да трпи ни ништо... Јас досега бременоста во Ремедика ја водев, 7 месеци сите испитувања, скрининзи, брисеви ги правев там, на државно само крвна слика и мокрача и испитувањето за скриен шеќер, утре одам прв пат да си изберам матичен гинеколог во амбулантата на МВР и незнам утре дали ќе ми прават таму некакви испитувања, незнам ни што како, ќе видам утре што ќе ми речат и се размислувам многу искрено дали за порагај да одам негде на приватно или во државна, ме плашат многу коментарите на скоро сите што се пораѓале на државна и нивните искуства од таму, најмалку ми е битен "луксузот" во приватните болници, ниту пак да ме третираат вака или онака, само сакам да знам дека нема да бидам препуштена сама на себе во тие моменти и да се плашам за животот на моето најмило (unsure) . Да напоменам и уште дека немам никакви врски за во државна, што ми е некако уште една причина плус да размислувам за опцијата Ремедика, Систина... Него да ве прашам еве најбрзо породените кои се пораѓале во една од приватните болници, дали може да ги споделат цените со нас овде кои сеуште ја немаме донесено одлуката каде ќе дојде на свет нашето бебувче (smile) Извинете за офф топиков, може треба постов да се префрли во друга тема, ама морав да пишам нешто читајќи го постот на Бубаче (unsure)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Породување

Post by Peperutka » 11 Feb 2013, 19:53

Имаме тема за Цени за породување во приватните болници,но нема ниеден пост во неа,затоа ќе ги замолам мамичките кои се породиле во Приватни болници,(Саншајн,Елиана и др.сега не ми текнуваат)да напишат нешто повеќе за тоа (smile)
topic847.html?hilit=%D1%86%D0%B5%D0%BD% ... %B8#p17314

bubace
Домашен член
Домашен член
Мислења: 601
Придружен: 02 May 2012, 20:32
Му се допанале: 249 пати
Им се допаднал: 235 пати

Re: Породување

Post by bubace » 11 Feb 2013, 21:07

Херра јас од моето искуство можам да ти кажам да не се плашиш за болките. Не се страшни. Јас мислев дека којзнае колку боли,ама немало врска. Како да имаш добиено боли,и баш пред пороѓај добиваш и напони како за во веце, така да не е болно како што си замислуваш или ти кажувале. И плус тоа све така брзо се одвива, што нема ни да осетиш.А самото породување ама ич не боли. Никаква болка нема. Не ни осеќаш како излегува бебето. Ни сечето се осеќа (а може и нема да те сечат), стварно не сее мислиш дека те тешам. После и шиењето е безболно, ставаат анестезија, јхас само еднаш осетив како пецкање,како оса да те каснала. Мој совет ти е да не даваш пари џабе на приватно, не се исплати, сепак и таму пак ти ќе треба да го родиш, а и епидурална не ти е потребна, зашто џабе да те боцкаат,кога све завршува за миг. Плус на клиника има многу персонал, доктори, сестри, апаратура, сепак се најспремни од сите можни клиники. Јас пак ќе повторам, има одлични доктори и сестри со кои дури и се зезавме и шалевме, се смеевме, вицови си кажувавме, но има и такви станати на лева нога кои знаат по малце да те изнервираат. Сепак не е страшно, секаде околу нас има секакви луѓе па и таму. И повеќето девојки кои беа немаа врски, па се породија и си отидоа дома со бебушките. Ајде размисли си убаво, ама јас не би давала 1000 евра па и повеќе за работа која може и бесплатно да се заврши. Немој да се плашиш воопшто, додека да се освестиш,поминало се, а ти си со бебче во рацете. (l2)

Milly
Редовен член
Редовен член
Мислења: 302
Придружен: 10 Feb 2011, 20:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: Државна или приватна болница

Post by Milly » 11 Feb 2013, 22:11

Потпис на напишаното од бубаче (agr) За второво не му ја ни мислам, ГАК ми е прва и последна опција, не сум ни прва ни последна што родила и што ќе роди таму, каде и да одам ќе треба да раѓам нема сигурно валцер да играм со докторите и сестрите (rolll)

Одговори

Return to “Породување”