Црвенило под вратот кај бебе

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

Одговори
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Црвенило под вратот кај бебе

Post by Petra » 11 Dec 2012, 14:49

Всушност се работи за црвенило не само под вратот, туку го има покрај очите како лишаи, по ножињата, позади коленцето исто како лишаи. Во пазувите има многу црвенило.
Се работи за внука ми, која има 7 месеци. Значи ваквото црвенило се појавило на 2 месеци, во Јули. На лекар им рекле дека е до влага која се собира под вратот, и им рекле да ја мачкаат со panteksol plus После две недели мачкање немало подобрување, дури состојбата се влошува. После тоа им рекла да ја мачкаат со cink oksid. Купиле на бекутан, и пак нема подобрување. Најпрво се појави под вратот, а после тоа и на другите места. На другите места, освен под вратот, и сега ги има, но се бледи. После тоа им рекле да ја мачкаат со Кanesten i afloderm, да ги помешаат двете креми и така да ја мачкаат. По првиот пат имаше подобрување, но потоа пак се појави. Им рекле прво по еднаш, а потоа по два пати на ден. И пак ништо после десет дена мачкање. И после тоа им рекле да ја мачкаат со адерма, со кое уште ја мачкаат. Не е поминато, сега е намалено. Ја мачкале уште зошто не било антибиотик, туку само обична бебешка козметика.
Загрижена сум, 5 месеци се третира, а не поминува. Ако го остават без третман се вцрвува толку многу, како рани да ќе и се отворат.
Ако некој имал ваков проблем, или пак знае како може да помине, ве молам за помош. (help)

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”