Последици на абортусот

Последици од абортусот

Чинот на абортусот е опкружен со многу лаги или прикривања. Една од најголемите лаги е тоа дека абортирањето на детето е во интерес и за добро на жената.

Ништо не е подалеку од вистината. Абортусот не само што го уништува бебето, туку може да остави тешки компликации врз физичкото и репродуктивното здравје на мајката, како и тешки психолошки трауми.

Синдромот на постабортуска траума е реалност. Милиони жени во светот после искуството на абортус се соочуваат со овој синдром, без предходно да имале можност да бидат информирани за него.

Симптоми на пост-абортуски синдром

Најчестите симптоми кои ги доживуваат жените со постабортуски синдром се: стрес, анксиозност, повлекување во себе, депресија, омраза кон самата себе, неможност да си прости на самата себе, чувство на безвредност, очај, срам и т.н. Често пати реакцијата се повторува од година во година во времето кога бил извршен абортусот или терминот кога бебето требало да се роди.

Најчесто жената се обидува да ги потисне овие чувства и со тоа состојбата уште повеќе се влошува. Колку е подолго времето на потискување на чувствата, толку се подлабоки последиците и психичките промени кај жената.

Кај жените кои страдаат од овој синдром често пати се појавува тешкотија во осварувањето на трајна, нормална врска и сексуална дисфункционалнот (аверзија спрема сексуалните односи или пак понекогаш препуштање на промискуитет).

Кај овие жени често се јавува желба за брзо забременување како желба за да си го "повратат" бебето. Често пати заради нерешената причина за првиот абортус, се случува и втор и жената се врти во круг. Забележано е дека малолетни девојки кои направиле абортус, за кратко време брзоплето стапуваат во брак.

Симптомите кои ги вклучува постабортускиот стрес се еднакви на симптомите на пост трауматско нарушување.

Физички компликации како последица на абортус

Според истражувања направени во САД, 10% од жените кај кои бил направен абортус добиват непосредни копликации. Една петина или 20% од нив се сметаат за големи компликации.

Во “мали” компликации спаѓаат: помали инфекции, крварења, треска, хронична болка во стомакот, гастро-интестинални нарушувања, повраќање и Rh сензибилизација кај Rh негативните жени.

Во поголеми компликации спаѓаат: тешки крварења, инфекции, емболија, раскинување или перфорација на матката на жената, копликации од анестезијата, повреда на грлото на матката, ендотоксичен шок и сл.

Во едно испитување во САД, анализирани се 1.182 случаи на абортус во регулирани болнички услови, 27% од пациентките имале инфекција која траела 3 или повеќе дена.

Комликациите кои се јавуваат непосредно по абортусот, најчесто успешно се третираат, но покасно оставаат тешки оштетувања врз репродуктивната способност на жената.

Испитувањата во САД покажале дека 3-5 % од жените, кои направиле абортус, како последица се соочуваат со неможност за забременување. Овој ризик е уште поголем, ако жената кога го направила абортусот имала некоја полово пренослива инфекција, во тој случај ризикот од запушување на јајцеводите е уште поголем.

Жените кои добиле некаква инфекција, како последица на абортусот, покасно имаат 5-8 пати поголеми шанси за ектопична (вонматерична бременост). Статистиките покажуваат дека по легализацијата на абортусот во САД, стапките на вонматерична бременост се зголемиле 4 кратно, а ектопичната бременост е причина за 12 % од смртноста кај мајките.

Оштетувањето на цервиксот, односно–вратот на матката, остава долготрајни последици после абортусот. Цервиксот нормално е цврст, стегнат и затворен, пред породувањето созрева, омекнува и се отвора, но при абортусот се прави негово присилно отворање. При присилното отварање, речиси секогаш се случуваат микроскопски, а понекогаш и големи раскинувања на неговите мусклули.

Во една болничка студија е утврдено дека кај 12.5 % од жените на кои им бил направен абортус во првото тромесечие, имало потреба од шиење на пукнатините на цервиксот. Според друга студија, овакви пукнатини се јавиле кај 22% од жените, а кај девојки помлади од 17 години, ризикот за раскинување на цервиксот бил двојно поголем.

Оштетувањето на цервиксот редовно резултира со негово трајно ослабување. Ова ослабување може да резултира со т.н. некомпетентен цервикс во следните бремености. Цервиксот е премногу слаб за да може да ја додржи тежината на плодот. Последица на тоа е спонтан абортус или предремено породување.

Оштетувањето на цервиксот од предходен абортус ги зголемува шансите за спонтан абортус, предвремено породување и копликации во покасната бременост за 300-500%. Особено ризикот се зголемува, ако станува за абортус на прва бременост. Во една голема студија е утврдено дека 48% од жените кои имале абортус на првата бременост, имале компликации со покасните бремености. Жените од оваа група на 1 живо раѓање имале по 2.3 спонтани абортуси. Според друго истражување кај тинејџерките кои направиле абортус, покасно имало 66% компликации во бременоста.

Проценето е дека во САД секоја година доаѓа до губење на 100.000 сакани бремености кај жени кои претходно направиле абортус, како резултат на латентниот морбидитет на абортусот.

Прераните породувања, компликаиците при породувањата и ненормалниот развој на плацентата , кои се чест придружник на абортусот се водечка причина за појава на хендикепираност кај бебињата. Исто така погелми се и шансите за церебрална парализа. Во исто време, бидејки компликациите во бременоста и породувањето го загрозуваат здравјето и на мајката, опасноста од смрт во касната бременост кај овие жени е зголемена за 58%.

Ова се реални фактори кои често се испуштаат при студиите на последиците од абортусот, а се прикажуваат само непосредните компликации.

Психолошки последици на абортусот

Истражувањата на пост-абортуските реакции покажале само една позитивна емоција: моментално олеснување. Ова е разбирливо особено затоа што огромен број на жени абортусот го прават како последица на притисокот од средината, партнерот или семејството. Привременото чувство на олесување, многу често е пропратено од состојба која психијатрите ја карактеризираат како “емотивна парализа”. Жената се повлекува и не е во состојба да ги почувствува и изрази своите чувства.

Студии направени во рок од неколку седмици по абортусот, покажуваат дека 40-60% од жените имале негативни реакции. Во рок од 8 седмици по абортусот, 55% од жените чувствувале вина, 44% се жалеле на нервни пореметувања, 36% имале проблем со несоница, 31% жалеле за нивната одлука, 11% примале препишани психотропни лекарства.

Во една психолошка студија која опфатила 500 жени кои извршиле абортус, кај 50% биле утврдени негативни емоции, а кај 10% сериозни психијатриски компликации.

30-50% од жените кои направиле абортус доживуваат сексуална дисфункционалност, го губат задоволството од сексуалните односи, ги доживуваат болно, имаат аверзија спрема сексот или пак се препуштаат на промискуитет.

Околу 33% од жените имаат силна желба што поскоро повторно да останат бремени, за да ја “надоместат” загубата.

Во студија кај тинејџерки кои направиле абортус, кај 50% е забележано влошување на психолошката состојба 7 месеци по абортусот, резултатите биле уште полоши кај девојки помлади од 17 години. Симптомите опфаќале: срам, депресија, повлекување, опсесија за повторна бременост и набрзина склучен брак.

Најголемиот број показатели индицираат дека во просек по 5-10 години, жената која била трауматизирана ги потиска нејзините чувства. За ова време жената може да ги избегнува луѓето, ситуациите или настаните кои би ја потсетиле на абортусот. Дури може да почне и да го брани абортусот во обид да се убеди себе си и другите дека она што го направила е во ред и дека е задоволна од тоа како излегле работите, иако всушност самата е тешко трауматизирана и во состојба на “затвореност” кон нејзиното искуство.

Потиснатите чувства резултираат во психолошки и потешкотии во однесувањето, кои се манифестираат во други области од животот. Се поголем е бројот на психолози кои укажуваат на непрепознаените трауми од абортусот, кај жени кои барале помош заради навидум неповрзани проблеми со абортусот.

Дури и кај жени кои навидум изгледале задоволни со својата одлука за абортусот, се појавувале кризи по неколку децении со влезот во менопаузата или со напуштањето на домот на најмладото дете.

Во пет годишна студија во 2 провинции во Канада, било утврдено дека психијатар посетиле 25% од жените кои поминале низ искуството на абортус, наспроти 3% од контролната група.

Сето ова покажува колку абортусот е во "интерес и за добро на жената".

Последици на абортусот врз бебето

За ова е грозоморно и да се зборува, но во интерес на вистината, еве неколку линка до сајтови со последиците врз бебето. Сликите се грозоморни, но би било лицемерно да го подржуваме абортусот, а да не се соочиме со реалноста и пустошот кои ги остава.

Многу луѓе го подржуваат абортусот, сметајки дека се работи за некакво "топче", кое се уште не е и не личи на бебе. Некогаш, еден од нив беше и авторот на овој текст. За жал реалноста е нешто сосема друго.

Погледнете, па пресудете сами за што всушност се работи.