Бебе ги смирува родителите со знакот за мир и победа!

снимка од ултразвукот

Ed и Dee Parsons како и многу други родители биле нерозни кога требало да отидат на преглед со ултразвук во 20-та недела од бременоста. Но, нивните грижи брзо исчезнале кога виделе како нивното бебе со рачето го прави знакот "V", кој симболизира победа и мир.

Знакот бил направен толку јасно со малите прстиња за време на ултразвукот, што родителите го прифатиле како знак дека нивниот син им порачува дека е добро и да не се грижат.

Лекарката, која го правела ултразвукот не можела да поверува и вели дека никогаш претходно не видела нешто такво.

Мајката вели:

Убаво е да имате таква иконографска слика на мир, кога има толку многу немир околу нас. Беше многу охрабрително.

Таа уште вели дека со сопругот биле потиштени од негативните глобални случувања и смртта на блиска личност:
 

Си размислувавме, носиме ново дете во овој свет, во такво ужасно време. Но кога се случи ова не можевме да веруваме што гледаме.

Сите наши пријатели велат дека тоа е позитивен, среќен симбол

.

 

 

родителите и снимката на ултразвук



Родителите размислуваат бебето да го наречат Винстон - по Винстон Черчил, по кого знакот стана познат. Тие велат:

Сеуште размислуваме за тоа, а засега го нарекуваме "мир бебе".