Mојот ин витро дневник
Две црти
Ехххх, дали знаете, дали можете да си претставите и замислите, колкава е желбата на една жена да си ги види двете црти. Сигурна сум дека НЕ МОЖЕТЕ, барем не оние кои многу лесно и без мака ги виделе тие исти две црти, дури и кога не сакале.
Мојот пат до двете црти, сеуште не е дооден, сеуште ми личи на бескраен, недостижен, ноо.... ке го доодам, сигурна сум во тоа....
Кај секој пар, брачен или вонбрачен, приказната почнува исто.
Најпрво имаш чуство на разочарување дека наместо природно, ке мора да останеш со ин витро, но потоа се помируваш со судбината и со голема доза на елан почнуваш со испитувањата.
Хормони, матка, дебелина на ендометриум, јајници, проодност на канали, ХСГ, лапараскопија хистероскопија, ПАП тест, вагинални брисеви, тестови за хепатит Б, Ц и ХИВ, спермограм, инсеминации и што уште не.
И со секое одење за наредното испитување, твојата доза на оптимизам полека но сигурно преоѓа во нервоза, секој ден нова стресна ситуација, секој ден новчаникот е се попразен и попразен, а успехот не се гледа ни од далеку, ниту У од успех.
И така ако имате малку повеќе среќа и успеете да ги соберете сите потребни документи, можете да аплицирате за ваучер од Фондот, но бидете сигурни дека веќе на пола од резултатите им изминал рокот, па комисијата ке ве извести дека треба уште некој тест и така, ако сте почнале да ги собирате потребните документи во мај, одговорот најверојатно ке го добиете во мај или евентуално август, ама наредната година.
Изморени од се, а сеуште не сте ниту на почетокот.
Откако ке го добиете Ваучерот по пошта, почнувате да размислувате кај кој Доктор и во која клиника ке одите или доколку сте го избрале веќе, радосни закажувате, кај Докторот, на кој првиот слободен термин му е после 25 дена од денот на вашето јавување. Си викате: па добро, ајде нека ми закажат. Кога ке дојде денот, повторно полни со надеж одите на преглед, но тогаш докторот Ви вика: аа сега е веќе касно ке дојдете на 5 ден од циклус и повторно уште еден месец чекање.
Офф се изморив од самото пишување и од тоа кога ке се присетам што се сум поминала, а верувајте дека има жени кој поминале многу потешки состојби од мојата, на кои искрено им се дивам.
И да продолжам. 5-ти ден од циклус и докторот те гледа на ехо прави некој фаци, си збори сам со себе и вика: значи овој месец контрацепција па од другиот месец почнуваме.
И почнуваш!
Стимулација, поткожно боцкање секој ден во исто време, потоа нови хормончиња, по 4 ампули дневно, почнуваш да се дуеш, да се потиш, да си нервна, сакаш да излезеш од сопствената кожа ама не може, а и желбата за двете црти е појака од се.
Проверка на хормони, фоликулометрија и конечно се закажува денот на пункцијата. Не знаеш дали си радосна, дали си исплашена. Леле што ке биде, како ке биде.
И тој ден доаѓа и проаѓа.
Осум јајце клетки ти вика ембриологот, ке ти се јавиме утре да те известиме.
четири оплодени, пак ке ти се јавиме утре да ти закажеме трансфер.
3 правилно се двојат два ќе трансферирираме на 5-ти ден од пункција.
Цело време сме во исчекување оффф колку е тешко да си во исчекување.
Направен трансфер, совет од докторот, сега да мируваш 14 дена. Ти од паника не знаеш што се подразбира под мирување и лежиш 14 дена, полудуваш ама пуста желба за две црти преголема е.
На 11 ден, крв, паника очај, правиш домашен тест и гледаш две црти, ама само ти ги гледаш, никој друг не може да ги види, си викаш: халуцинирам. Се јавуваш кај докоторот, ти вика дојди на направиме тест.
Проверуваш бета резултат 11,9 или 9,11 веќе не се ни сеќавам, ти викаат и си и не си бремена ??????, Повторно исчекување. За два дена повторно ке провериме бета и тогаш бодеж во срцето почнува да крвари, бетата помала од 1, викаат биохемиска бременост.
Толку било. Прекини ја терапијата, одмори еден, два месеци и пак ке правиме, ти вика докторот, мислиш турнир организираме, а не ивф постапка.
Психичка болка, физичка болака, оффффф, да не се форумите со овие теми сигурно ке полудам, СИГУРНО ! Тие ми даваат сила, подршка, надеж и пуста желба за тие две црти.
Се прибираш и после 3-4 месеци повторно почнуваш да ги собираш истите документи, повторно собираш сила и оптимизам.
Менуваш доктор, клиника, се и почнуваш стимулации, секој втор ден ехо, ама нешто не бива, не реагираш на тие хормони, а знам и зошто затоа што со одбивност ги примаш, имаш аверзија према нив и тие нормално не реагираат, стануваш напната, нервозна, очајна ама упорно одиш.
Нова пункција, на еден куп хормони, ти имаш на пункција само 3 јајце клетки. Си викаш добро е.
Сабајлето пак бодеж во срцето, уште појак од претходниот, на телефон ти викаат жал ми е, не се оплоди ниту една јајце клетка, ти си во шок, сакаш да плачеш, а не ти доаѓа, сакаш да викаш, а неможеш.
И повторно е тука форумот, ти помага, те теши, те дига повторно на нозе.
Повторно решаваш да ги видиш двете црти и тоа одма, наредниот месец во спонтан циклус.
Со оглед дека користиш утрогестан или кринон гел, нормално се исфрлаш и наредните 15-20 дена си во состојба на полудување, незнаеш дали повеќе те чеша или пече или боли или веке незнам како да ја дефинирам таа состојба.
Во текот на тие 15-20 дена се јауваш да закажеш преглед, бидејки веќе незнаеш што да правиш, а сестирте телефонски ти викаат, ке го прашаме д-р па ке ви кажеме, и по извесно време ви велат на телефон, земете канестен вагиналети 3 дена и ке ви помине. Земаш! Ама не поминува. Во очај одиш кај својот матичен гинеколог (за беспари) ти прави преглед и ти вели ништо страшно ти треба да мачкаш канестен крема ама не вагинална туку за надворешна употреба. И навистина после 4 дена, повторно си како нова уствари онаа старата.
И дур трепнеш дошол наредниот циклус. Закажуваш, на 5 ден од циклус те гледа Д-р и ти вика: ааа мораш овој месец да одмараш ке примаш котрацептиви, имаш фоликул од 15мм. (замислете на 5-ти ден од циклус, па јас со стимулација на 19 ден не успеав да дојдам до 15-мм) ама тоа е д-р повеќе знае од тебе.
Одиш во апрека купуваш Јасмин и почнуваш 21 ден да пиеш.
Повторно нов циклус оооффффффффффффф.
Повторно на 5-ден од циклус конторла. Ама 5-ти ден било сабота, НИШТО. Сестрата ти вика дојди во понеделник на 7-ми.
Доаѓаш на 7-ми д-р вика добро, и така потоа на 9-ти, па на 11-ти, па хормони ти проверува и ти вика од вечер по една мерионал и по една цитротиде, наредните три дена.
Ти полудуваш. Си викаш во себе па нели ми рече во спонтан циклус а пак ми дава хормони.
Одиш во апрека даваш 300 евра, и си одиш дома. По пат не знаеш дали да плачеш од бес или од радост или можеби оти си останала со празен новчаник и незнаеш како ке го истуркаш месецот.
И тие 3-дена поминуваат. Се закажува пункција, доаѓаш на пункција, ти вика сестрата, ке работиме без анестезија, тука те фаќа паника, си викаш оваа да не полудела, како мисли да ми го бушат јајникот без анестезија.
Ти велат нема да боли само едно боцкање е, и за пола саат ке си одите.
Се согласуваш. Почнува пункцијата, околу тебе две сестри на Д-р, една сестра на анестезиологот (за секој случај), анестезилотогот, докторот, еден биолог. Оооо скуп сватова, а ти легната и едвај чекаш да помине.
Што е право навистина не болеше и за среќа, ја слушаш сестрата како вика ИМА.
Доаѓа биологот или ембриолог веќе не знам ни што е и ти вика има јајце клетка.
Офффффф ти паѓа камен од срце и тоа поприлично голем.
Те враќаат во соба и за половина час заедно со сопругот си одите дома, СО ОГРОМНА НАДЕЖ.
Утредената чекаш повик, на секое звонење на телефонот добиваш тахикардија. И конечно те бара ембриологот и ти вика: леле многу беше нежна јајце клетката, ни прсна при оплодување, ти ја слушаш а уствари не сакаш да ја слушаш, и викаш здравје наредниот пат, а само срцето ти знае какви прободи добива во моментот, добиваш некој утешни зборови во смисол немој сега да се разочарувате ке биде само бидете упорни и такви глупости.......
Одиш кај докторот утре дента, а тој кутриот незнае што да каже ти вика ТОА Е. Вака може секој месец да си правите, може да успее а може и не. Вие на хормони не реагирате добро, ке треба да пробате со донирани јајце клетки.
Ти повторно БОДЕЖИ во душата во срцето во цело тело.офффффоооооооооофффф.
Си одиш од ординација и си викаш ова не е можно воа не ми го рече, ти иде се околу тебе да искршиш ама не можеш, бидејки ти си целата скршена.
Ама се дигаш одма, бидејки е тука форумот, да те опорави.
И повторно нов циклус. Овој пат скроз без стимулација само стоп инекција.
Пункција закажана за НЕДЕЛА, Благовестие – Благоец, си се лажеш самата си викаш ајде голем празник е ке биде.
Доаѓаш во болница, таму врвулица како да е понеделник, а не недела.
Овој пат само една сестра, без анестезиолог, пункцијата за разлика од првиот пат доста груба и болна и нормално пукање на крвен сад.
Слушаш биологот-ембриологот вика НЕМА. Д-р станува вика како нема провери убаво, таа вика проверив нема.
Ти повеќе немаш ДУША, ти се одвоила од телото и лебди, срцето ти е веќе во големи рани, плачеш одвнатре ама без солзи.
Те враќаат во соба и те забораваат. После еден саат доаѓа сопругот и ти вика супер е спермата, ти зачудена му викаш како може да си оставил сперма, кога јас немав јајце клетка. Неговиот израз на лицето се менува, се згрчува.
Ја чекаме така сестрата да дојде да ме оттампонира и да си одиме.
Ја нема, имало гужва, пункција за пункција.
Доаѓа по 2 саати вика извинете во гужва сум.
Го вади тампонот не може да излезе, а ти мислиш дека матката ке ти ја извади.
И тоа заврши. Си одиш дома, надвор врне истура, а тебе ти навираат солзи. Плачеш без глас, тивко, само солзите течат и непрестануваат.
Си викаш, ако не застанам ке полудам, ако не направам пауза, ке се самоубијам, ке се уништам, морам да паузирам, да се одморам, да се опуштам.
ОК ама кажете ми како, не постои ден барем 5 пати да не помислам на дете, на ИВФ, на форумов, на сите вас.
ЕЕЕЕЕ, ГЛЕДАТЕ ЛИ КОЛКАВА Е ЖЕЛБАТА ЗА ТИЕ ДВЕ ЦРТИ, да ги видиш и сите рани што ги имаш да ти се излечат.
АКО БИЛО ПИШАНО КЕ ГИ ВИДИШ, АКО НЕ, ЌЕ НАЈДЕШ УТЕХА ВО НЕШТО ДРУГО, КЕ ГО ЖИВЕЕШ СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ, И КЕ БИДЕШ БЛАГОДАРНА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ И ЗА ДРУГИТЕ УБАВИ НЕШТА ШТО КЕ ГИ ДОЖИВЕЕШ.
Беломорка

