ТОП 10 Труднички лаги

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Сабота, 08/06/2013 - 03:18

Да, вистина е, трудниците често се во ситуација да лажат. Дали е тоа последица на дополнителното внимание или пак на притисокот да се биде слика на совршена мајка во прогрес, не знаеме, но од трудничките усти излегуваат добар број на извртени вистини.

Еве ги 10-те најчестите труднички лаги:

1 Не сум бремена

Многу жени го негираат својот блажен статус, се додека не се спремни да го кажат тоа.

2 Не ми е битно дали е момче или девојче

Да, сите сакаме пред се живо и здраво бебе, но повеќето од нас веќе имаме свои преференци кога се работи за полот.


3 Не сум качила многу килажа.

Навистина не треба да и поставите овакво прашање на трудница. Никој не сака да му кажувате дека доволно се поправил или дека премногу се поправил. Затоа понекогаш преќутувањето на препорачаната тежина може да донесе мир за сите.

4 Бременоста е прекрасна

Да, понекогаш бременоста е прекрасна, но не секогаш цветаат рози, без разлика колку совршена е бременоста. Сепак, никоја не сака да биде големата, бремена жалачка, па зборовите сакам што сум бремена стануваат напамет изговорен рецитал.

5 Ми се допаѓаат сите подароци за бебето

Точно дека важно е вниманието, но навистина не е баш убава секоја облека за бебиња што ќе ја добиете.

6 Толку сум возбудена

Ова понекогаш е точно, но има времиња кога трудницата се чувствува преплашена, уморна и нема поим како ќе се грижи за бебето (особено ако веќе има уште едно или две деца).

7 Ги откажав цигарите

Анкетите покажуваат дека секоја петта трудница пуши, тоа значи дека има голем број на трудници пушачи.


8 Сеуште не сме го одбрале името

Често пати само не сакаат да го кажат.


9 Едвам чекам да почнам да го дојам бебето

Точно дека доењето е најдобро, но тоа не значи и дека не е застрашувачко, непознато и исполнето со предизвици.

10 Сакам да се посветам на кариерата по завршувањето на породилното отсуство

Некои жени сакаат, но многу од нив тоа го велат за да не бидат дисквалификувани како сериозни во работата.

Designed by Antsin.com