6 труднички митови
Кога сте бремена како секој да си зема за право да ви раскажува разни бабини деветини, митови, суеверија итн. Опсегот кој го зафаќаат овие приказни е огромен, но тука ќе се осврнеме на 6 мита за бременоста.

1. Ниското носење на бебето значи дека е машко
Вистина е дека секоја жена го носи бебето различно и во секоја нејзина бременост ќе го носи поинаку, отколку во претходната. Тоа како ќе изгледа вашиот стомак пред се зависи од тоа како е поставено бебето, а не од неговиот пол. Исто така начинот на носење на вашето бебе ќе зависи од вашата висина, тежина, генетиката и нормално од тоа до каде сте стасани со бременоста. Освен овој мит, за полот на бебето ќе можете да слушнете уште многу други, но сите оние кои веруваат во нив тоа го прават затоа што за нив се покажало дека е точно, а имајте впредвид дека шансите се 50% дека ќе биде момче или девојче. Ако сакате навистина да го дознаете полот на вашето бебе, одговорот може да ви го даде само ултразвучниот преглед кај вашиот доктор.
2. Забрзано чукање на срцето значи дека е девојче
Погрешно. Срцата на сите бебиња чукаат многу побрзо отколку на возрасните. Точно е дека чукањето на срцето кај жените во просек е нешто побрзо отколку кај мажите, но додека бебињата се во матката тоа едноставно сеуште не важи.
3. Подигањето на рацете може да предизвика спонтан абортус или заплеткување на папочната врвца
Неточно. Папочната врца се заплеткува заради движењата на бебето, а не на мајката. Исто така бебињата кои имаат подолги папочни врци имаат поголема веројатност дека ќе се родат со завитката папочна врвца околу нога, торзото, рака и сл. Вие не можете да направите ништо во врска со тоа. Се разбира дека во бременоста не треба да кревате тешки предмети, но кревањето на рацете нема да предизвика ништо.
4. Сексот во бременоста ќе го повреди бебето
Не е точно. Бебето е заштитено во матката и мажот во никој случај не може да пенетрира толку длабоко. Доколку се е во ред со бременоста и лекарот не ви забранил да имате сексуални односи, нема никаква пречка за да ги имате. Дури некои жени во бременоста стануваат позаинтересирани за секс, отколку било кога претходно.
5. Киселините значат дека бебето ќе се роди со коса
Уште еден мит. Киселините се должат на тоа што хормоните прават да се релаксира сфинктерот над желудникот и тоа овозможува киселините од стомакот да се вратат во хранопроводот.
6. Едно бебе - еден заб
Овој мит потекнува од минатото, кога многу жени немале соодветна пренатална нега и страдале од недостаток на железо и калциум. Во бременоста прво се задоволуваат потребите од минерали на фетусот, а тоа може да предизвика нивни недостаток кај мајката и со тоа и да дојде до расипување или губење на забите. Во денешно време овие недостатоци се избегнуваат со земање на пренатални витамински и минерални додатоци.
Доколку слушнете некој мит, кој ќе направи да се чувствувате нелагодно или можеби ќе ви влее страв, разговарајте со вашиот лекар. Лекарот е должен да ве информира правилно за се што ве мачи.
- Храбро девојче проодува по трет пат после борба со рак и парализа
- Вклученоста на таткото во бременоста ја намалува смртноста кај децата
- Децата гледаат премногу секс на телевизија и се принудени да пораснат пребрзо, велат загрижените родители
- Мајка гневна на болничките правила да не се помага на бебиња родени со помалку од 24 недели
- 9 совети како да ја преживеете првата недела на ново работно место



