Видео: Во 2 минути од бебе до 12 години
Пред очи за помалку од 3 минути растот на едно девојче. Фотографот Frans Hofmeester направил интересна компилација на слики во еден видео запис, следејки го развојот на мало бебенце се до речиси тинејџерски години.
Празните јајца
Џереми беше роден со слабо тело и бавен ум. На возраст од 12 тој сè уште беше во второ одделение, навидум беше неспособен за да учи. Неговата учителка, Дорис Милер, често пати беше иритирана од него. Тој се грчеше во своето место, му течеа лиги, и испушташе звуци. Во други прилики пак тој зборуваше чисто и јасно, како зрак од светлина да продрел во темнината на неговиот ум. Поголемиот дел од времето сепак Џереми само ја иритираше својата учителка.
Дали ги разбираме децата?
Една жена си дошла дома од работа доцна, уморна и иритирана, наоѓајки го нејзиниот 5-годишен син како ја чека на вратата.
СИНОТ: "Мамо, може ли да ти поставам едно прашање?"
МАЈКАТА: "Секако, што е сине?"
СИНОТ: "Мамо, колку заработуваш за еден час?"
МАЈКАТА: "Тоа не е твоја работа. Зошто ме прашуваш такво нешто?" одговорила налутено.
Способноста за сакање е вкоренета во раното детство
Способноста за доверба, љубов и решавање на конфликтите со саканите почнува уште во детството - многу порано отколку што можеби мислите.
Психологот Jeffry A. Simpson - автор на студијата, заедно со колегите W. Andrew Collins и Jessica E. Salvatore од Универзитетот на Минесота, велат:
Пријателството кај децата има влијание во регулирањето на стресот
Кортизолот - хормон на стрес кај луѓето, ја мобилизира енергијата и ни помага да одговориме на потенцијална закана, кога сме под стрес. Зголемените нивоа на кортизол се адаптивни - тие ни помагаат да се прилагодоме на променливите околности и да се справиме со стресорите кога тие ќе се појават - но хронично високо ниво на кортизол може да има негативни ефекти врз тоа како функционираме, особено врз нашиот имунолошки систем.
Одвоеноста од мајката е стресна за бебето
Кога жената ќе се породи често пати новороденчето се повива и се остава да спие во нејзина близина во свое креветче, или се одвојува во друга соба за мајката да може да се одмори. И покрај тоа што ова е вообичаена практика, новите истражувања објавени во Biological Psychiatry обезбедија нови докази дека одвојувањето на бебињата од нивните мајки е стресно за нив.
Солта е поврзана и со деменција
Лекарите предупредуваат дека преголемата употреба на сол може да биде штетна не само за срцето, туку и за мозокот. Според нова студија употребата на само 1 лажичка сол дневно го отапува мозокот и го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест.
Постарите луѓе кои имаат богата исхрана со сол, а малку вежби, страдаат побрзо од ментален пад од оние кои се повнимателни со дозата на сол.
Опасноста на солта за срцето е добро позната, но најновата студија за прв пат покажа дека солта води и до влошување на здравјето на мозокот кај постарите лица.
Домашното насилство може да остави лузна врз животот на нероденото дете
Изложеноста на голем стрес кај бремените жени, може да влијае врз нивните бебиња подоцна во животот
Според истражувачите високото ниво на стрес за време на бременоста може да предизвика нероденото дете да има доживотни ментални лузни.
Тие веруваат дека непотребните кризи со кои се соочува мајката можат да остават белег на мозокот на нејзините деца, што ги прави помалку способни да се справуваат во животот, како што ќе стануваат постари.
Разводот остава трајни последици врз учењето и влијае врз способноста на децата да формираат пријателства
Кога нивните родители се разведувале, децата се бореле со математиката и склучувањето на пријателства , покажа студија во САД.
Тие често заостанувале зад соучениците, чии родители останале во брак, и страдале од анксиозност, чувство на осаменост и тага - а може никогаш да не успеeле да се израмнат академски со нив.

Разводот на родителите остава трајни последици врз децата
Децата кои имаат заеднички семејни оброци имаат помала веројатност дека ќе бидат дебели
Ова го покажа новото истражување, децата кои учествуваат во заеднички семејни оброци имаат помали шанси дека ќе се свртат кон брза храна и дека ќе бидат дебели.
Ова е исклучително важно во време кога во западните земји дебелината кај децата станува епидемија.



