Деца со посебни потреби

Лица со посебни потреби се лица на кои им е потребна помош заради некоја попреченост од физиолошка, ментална или психолошка природа. Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.

Во зависност од тоа какви проблеми има личноста, може да се направи поделба на:

Медицински
Во медицински проблеми спаѓаат: церебрална парализа, вроден дијабетес, вродена дебелина, вродени срцеви маани, мускулна дистрофија, цистична фиброза итн.

Проблеми во однесувањето
Тука спаѓаат: синдром на недостаток на внимание и хиперактивност кај децата, тоуретов синдром итн. Кај овие деца традиционалните пристапи во воспитувањето не ги даваат очекуваните резултати. За нив е потребно да се пронајдат и да се применуваат поинакви стратегии за да може да го развијат целосно својот потенцијал. Во спротивно има голема веројатност дека ќе имаат проблеми во школувањето и секојдневниот живот.

Попреченост во развојот
Во пречки во развојот спаѓаат: аутизам, даунов синдром, интелектуална попреченост итн. Семејствата на овие лица најчесто се соочуваат со најголеми тешкотии. Родителите е потребно е да се изборат за соодветен третман на децата, терапија, школување и вклученост и прифатеност во општеството, каква што овие деца и заслужуваат.

Проблеми со учењето
Во проблеми со учењето спаѓаат: дислексија, нарушување на централната аудиторна обработка итн. Овие деца и покрај интелектуалните способности имаат проблем во школувањето. За нив е потребно е да се овозможат стратегии на поучување, кои ќе им помогнат да го достигнат својот потенцијал.

Проблеми со менталното здравје
Тука спаѓаат депресија, анксиозност, драстични промени во расположението итн. Често пати овие состојби поминуваат незабележано од страна на родителите, но потребна е помош од стручни лица за да им се помогне на овие деца.

Она што е заедничко за сите дијагнози се проблемите со кои се соочува семејството на овие лица: грижа за здравјето, борба за прифатеност на децата од околината, школувањето, несигруната иднина, прилагодувањето на очекувањата кон детето итн.

Често пати родителите на децата со посебни потреби се со поголема сочувствителност, храброст, борбеност и сила, тие се оние на кои им останува да се изборат за нивните деца да го добијат најдоброто што можат.

Охрабрува фактот што во општеството се подобруваат условите за живот на лицата со потребни потреби, но сепак има да се измине уште голем пат.