Црна алва со ореви


Потребно:

1 кг. шеќер
1 маргарин кристал
250 мл.млеко
100 гр.какао
500 гр.брашно
2 филџани масло
200 гр.јатки ореви

Подготовка:


Шеќерот,маргаринот и млекото се ставаат во сад за готвење на оган,да се соединат.
Кога ќе почне да врие се меша со дрвена лажица на оган ТОЧНО 4 минути.
Се вади од оган и се додава какото,брашното па убаво се меша да се соедини.Се додава и маслото па брзо се меша да се упие.На крај се додаваат јатките ореви.Се турива смесата во калап обложен со фолија,се рамни горната површина.Се остава на ладно да олади 2-3 часа,па се сечe и се јаде .