Бебенце со вроден срцев дефект е чудесно исцелено и Божик ќе го помине дома

Десет месечното бебе Оскар Таскер, за кое лекарите кажале дека единствена надеж да се одржи во живот е трансплантација на срце доживеало самоисцеление и надвор од сите очекувања, Божик ќе го помине дома.
.

Оскар се родил со редок дефект на срцето и целиот свој живот го поминал во болница. Неговите родители стравувале дека нема да издржи за време на тие 100 дена додека бил на листа за чекање на трансплантација на срце.

Пресреќниот татко на Оскар вели дека ова е најдобриот Божикен подарок кој некогаш го добиле:

Ако пред неколку месеци некој ми речеше дека ќе можеме да го имаме Оскар дома за неговиот прв Божик немаше да му поверувам.

Имаше ужасни времиња кога мислевме дека нема да успее да го види Божик, така ова е најдобриот Божикен подарок кој можевме да го посакаме.


Лекарите им кажале на родителите дека единствена надеж за нивниот син е трансплантација на срце. Го одржувале во живот со помош на вештачко срце, додека неговите родители се соочувале со агонија додека името на нивниот син чекало 100 дена на листата за трансплантација.

На восхитување на медицинскиот тим кој се грижел за Оскар, неговото срце само се исцелило, а тој бил тргнат од листата за чекање на трансплантација на срце.

Др. Richard Kirk - консултант педијатар кардиолог, кој бил задолжен за Оскар верува дека вештачкото срце му овозможило на срцето на Оскар да се одмори и да закрепне. Тој вели;

Некој од горе мора да му се насмевнал на Оскар и неговото срце почна да работи само од себе.