Бебенце вратено во живот после 10 часа
Social Buttons
Бебенце во Колумбија било родено со итен царски рез, но после 35 минути лекарите заклучиле дека нема знаци на живот. Го ставиле во кутија и го пратиле во мртвачница.
Кога 10 часа покасно таткото скршен од болка отишол да го земе, на огромно вчудоневидување и на човекот кој работел таму слушнале тивок бебешки плач.
Бебето итно било пренесено со авион во друга болница, каде било згрижено.
Лекарите претпоставуваат дека чукањето на срцето било толку пригушено што првите лекари не можеле да го регистрираат. Покасно кога бебето било завиткано во чаршав се стоплило и таа топлина помогнала да се вратат животните функции.
Родителите ја крстиле Милагрос - ЧУДО, а и навистина не можеле да одберат посодветно име за малото чудо.
И посакуваме долг и среќен живот.


