Бостон: Близнаци родени на 24 дена растојание
Кога Линдалва Дасилва влегла во 24 недела од бременоста добила контракции и почнала да се пораѓа. Лекарите се обидете да ги сопрат контракциите, но немало успех во тоа.
Др. Sabrina Craigo, шеф на одделот за Мајчинска - фетална медицина ја информирала за можноста да го роди едниот близнак, а другиот да се задржи во стомакот ако тоа го дозволуваат условите на породувањето.
Дасилва изјави за wcvb.com:
Мислев дека тоа е апсурдно и одговорив, Мислам не. Мислев дека тоа е невозможно.
Одложените породувања се екстремно ретки и носат ризик од инфекција. Може да се извршат само во случај кога бебињата не делат иста плацента и доколку контракциите се забават по раѓањето на првиот близнак.
За среќа, откако се родил синот Александар на 27 Фебруари, породувањето се успорило. На Десилва и дале антибиотици, додека Александар се борел за живот на одделот за интезивна нега.
Таткото вели:
Докторите ни рекоа дека е добар, дека неговото срце чука добро. Тогаш почнавме да се молиме!
После 24 дена се родил вториот близнак Роналдо. Докторката која се грижела за породувањата вели: За две декади сум имала помалку од 10 одложени породувања и никогаш со толкава разлика во времето меѓу нивното раѓање, придружено со позитивен исход за двете бебиња.
Близнаците се родени дури и во различни годишни времиња, едниот е роден во зима, а другиот на пролет.
Тие сеуште се во болница, а се очекува да ги пуштат дома на официјалниот термин за породување - на 18 Јуни.