Близначе имало инфаркт кога имало само 2 дена, сите се изненадени од закрепнувањето
Social Buttons
Малиот Џошуа имал инфаркт кога бил стар само 48 часа. Неговата мајка приметила дека испушта чудни звуци, се утврдило дека е инфаркт. Додека бил во болница, неговата состојба се влошила и имал постојани напади на грчење.
Џошуа поминал во болница 2 месеци, за тоа време се борел и со инфекција со стрептокока од Б група, како и менингитис.
Лекарите им кажале на родителите дека можеби никогаш нема да се разбуди и им понудиле на родителите да размислат за да ги исклучат машините за дишење. Тие уште им кажале дека доколку и се разбуди, Џошуа веројатно нема да може да оди, да се движи и да зборува.

Братчето Чарли редовно го носеле во болница, за близначињата да минат време заедно
Родителите одбиле да ги исклучат машините и решиле да му ја дадат секоја шанса на нивниот син. На изненадување на сите, после 3 недели тој почнал да дише самостојно, а после само 2 месеци бил во својот дом - ист како и секое друго бебе. Сите направени тестови досега покажуваат дека тој е совршено здрав.
Додека бил во болница Џошуа имал редовни посети од братот близнак, Чарли.
Мајката Џејми вели:
Кога се родија бев загрижена само за менувањето на сите тие пелени и бесони ноќи, но сега не можам да сум посреќна додека го правам тоа.

Една од најдобрите работи е што повторно сме цело семејство и момчињата се повторно заедно. Тие се помирни кога се заедно, се гушкаат и секогаш се допираат со некој дел од телото.

Стрептокока Б е безопасна за возрасните и ја имаат околу 25% од луѓето, но за бебињата може да биде фатална и тие најчесто ја добиваат од мајката при раѓањето. Џејми ги предупредува другите трудници обавезно да направат брисеви пред породувањето.





