Мајка го дала својот живот за да го спаси бебето
Кариса Бугалон имала закажно рутински царски рез, но лекарите набрзо откриле дека има амниотски емболизам, многу ретка состојба, но опасна по живот. Дел од плодовата вода преминува во крвниот систем на мајката.
Лекарите и дале на Кариса неколку опции: Можела да го одложи породувањето, што ќе го спасело нејзиниот живот, но ќе го загрозело животот на бебето, можела да остане будна за време на операцита, но ако лекарите и ставеле спинална анестизија повторно постоела можност бебето да не преживее и третата опција била да се породи итно со царски рез.
Таа одбрала веднаш да се породи за да ги зголеми шанисте за преживување на синот. Но, починала кратко време по породувањето, откако мирно прашала колку тежи бебето.
Кариса и нејзиниот сопруг имаат уште една ќеркичка. А Кариса својата жртва за животот на синот ја дала неколку дена пред брачната годишнина и нејзиниот 35-ти роденден.
Сопругот вели дека не може да го опише предизвикот со кој се соочува, да продолжи напред со тодлер, новороденче и без сопруга. Вели дека постојано се грижи за тоа, што ќе му каже на синот кога еден ден ќе го праша каде е неговата мајка.
Нејзината сестра низ солзи вели дека таа заминала во болница за да биде мајка и тоа и го направила.