Емотивна исповед на мајка која ја дава врвната жртва за нејзиното дете
Ashley Bridges (24) ја направила крајната жртва за нејзиното неродено бебе, со тоа што одбила третман со хемотерапија кога во бременоста и бил дијагностициран рак на коските. Ракот на коски е многу редок, особено кај младите луѓе и на него отпаѓа помалку од 1% од сите дијагнози на рак.
Ешли била во 10-та недела од бременоста кога била откриена нејзината дијагноза. Лекарите и препорачале да ја прекине бременоста и да почне веднаш со хемотерапија. Таа низ солзи вели: Не доаѓаше во предвид да го убијам моето здраво бебе затоа што јас сум болна.
За време на третото тромесечие на Ешли и кажале дека одолжувањето на третманот довело до проширување на болеста. Кога била во 8-ми месец од бременоста била породена за што поскоро да почне да прима хемотерапија.
И покрај повеќекратните дози на хемотерапија болеста не отстапила и на Ешли и кажале дека има помалку од една година живот. Таа вели дека помислата дека нејзиното девојче ќе расте без неа е навистина тешка, но дека не жали за совјата одлука за ставањето на животот на нејзината ќерка пред нејзиниот. Таа вели дека малото девојче е нивниот зрак сонце во целата темна бура.
Ешли има 6 годишен син, кој на веста за нејзината болест изјавил дека ако таа замине и тој сака да оди. Околу грижата за бебето, Ешли дење има помош од пријателите и нејзиното семејство, а во текот на ноќта од нејзиниот свршеник, кој е воено лице.
Според последните вести ракот не се раширил во нозете, како што лекарите сметале дека ќе се случи. Исто така скеновите покажале дека туморите во главата не се пораснати. И покрај болната дијагноза, Ешли сеуште има надеж и ќе се бори до крај.