Размислувања на една мајка
Ти дадов живот, но не можам да го живеам наместо тебе.
Можам да те поучувам, но не можам да те натерам да учиш.
Можам да ти дадам упатства, но не можам да бидам таму и да те водам.
Можам да ти дозволам слобода, но не можам да ти ја гарантирам.

Можам да те носам во црква, но не можам да те натерам да веруваш.
Можам да те научам да разликуваш правилно од погрешно, но не можам секогаш да одлучувам наместо тебе.
Можам да ти купам убава облека, но не можам да те направам убав од внатре.
Можам да ти понудам совет, но не можам да го примам наместо тебе.
Можам да ти дадам љубов, но не можам да те присилам на неа.
Можам да те учам да споделуваш, но не можам да те направам несебичен.
Можам да те научам на почит, но можам да те присилам да покажуваш чест.
Можам да те поучам за пријтелите, но не можам да ги одбрам наместо тебе.
Можам да те советувам за сексот, но не можам да те чувам чист.
Можам да те научам за пиењето, но не можам да кажам не наместо тебе.
Можам да те учам за возвишени цели, но не можам да ги достигнам наместо тебе.
Можам да те сакам безусловно до крајот на животот и ќе го правам тоа.