Храбро девојче проодува по трет пат после борба со рак и парализа
Храбрата Мелиса (2,5 години) по трет пат учи да чекори после борбата со ретка форма на рак, кој речиси и го одземал животот.
Мелиса се родила 2 месеци предвреме и уште од самиот почеток на нејзиниот живот таа покажувала толку борбен дух.

Мелиса со нејзината мајка кога за прв пат и бил дијагностициран рак

Таа се родила со нарушување на слухот што изнесно време ја направило да биде глува, но до првиот роденден веќе почнала да покажува знаци дека слуша.
Неколку недели покасно почнала да го губи апетитот, да дише забрзано и станала летаргична. Дијагнозата била многу ретка форма на рак, лимфобластична лимфома. Кога била примена во болница, Мелиса веќе ги правела своите први чекори, но агресивната хемотерапија ја лишила од оваа нејзина способност.
Храброто девојче кога за Божик дошла во својот дом, помеѓу 2 циклуса на хемотерапија повторно почнало да оди. Третманот против ракот продолжил и понатаму, но во Март дошол нов удар, кај неа се појавил синдром кој го нападнал нејзиниот нервен систем и на родителите им било кажано дека можеби никогаш нема повторно да може да оди без помош.
Терапијата на Мелиса после третманот на ракот. На сликата е врзана за да може повторно да ја носи својата тежина
Мајката на Мелиса вели:
Бевме шокирани, беше многу страшно. Тоа беше најстрашната работа дотогаш, полоша и од дијагнозата на ракот. Беше многу болна, нејзиниот живот беше во опасност и можеше да умре.
Потоа Мелиса почнала со физиотерапија, морала одново да ги учи сите вештини што веќе ги научила како бебе, како превртувањето.
По неколку месеци почнала да го мрда стопалото и за само неколку седмици повторно проодела.
Мајката на Мелиса вели:
Чудесно е тоа што има само две и пол години, а помина низ толку многу тешкотии и толку многу работи беа фрлени врз неа.
Кога го доби синдромот едвај можеше само да трепка со очите, мислев дека ќе умре.
Таа мораше да научи се од ново, бидејки тонусот на нејзините мускули исчезна.
Сега трча како и секое друго дете на нејзина возраст, дури и скока на нејзината трамплоина.
Прекрасна е, има толку силен дух. Без разлика што ќе фрлите врз неа, таа едноставно продолжува понатаму. Секогаш е насмеана. Таа не научи на толку многу работи.
Многу е енергична и мотивирана. Сака да си игра како и другите мали девојчиња.
Се надевам дека тоа е се, бидејки досега помина многу работи за едно мало девојче.
Мајка и продолжува:
Многу сме горди на Мелиса. Таа е толку позитивно и среќно девојче. Има прекрасен став кон животот и нејзината одлучност е навистина апослутно восхитувачка.
Бидејки таа е толку прекрасна, ние мораме да бидеме силни за неа. Не смееме да си дозволиме негативни мисли и секојдневно сме благодарни за она што го имаме.
Мелиса ќе продолжи со хемотерапијата дома, се до Септември.
Медицинските сестри често пати на нарекувале Мелиса: пациент - ѕвезда, заради тоа што толку добро се адаптирала на новите околности.

Меилиса денес, не само што оди, туку и сака да скока на нејзината трамполина

