Знаци на погрешно одбран градник
Social Buttons
Кога купувате градник исклучително важно е да ја одберете точната големина. Градникот со погрешна големина не само што ќе даде полош естетски ефект, туку може да има негативни последици и врз здравјето, како болка во грбот, вратот, лоша положба на телото итн. Еве неколку знаци кои можат да ви помогнат да препознаете дали вашиот градник е правилно избран:
1. Прелевање од градникот
Се разбира дека се очекува да се покаже деколтето, особено ако носите пуш ап градник. Но, ако ткивото буквално се прелева преку градникот значи дека е градникот е премал.
2. Градникот ви причинува болка
Ако градникот ви причинува било каква болка, тогаш дефинитивно не е правилниот градник за вас. Прерамките не смеат да се вкопуваат во вашите рамења, ниту да паѓаат, иако ова понекогаш значи дека се работи за неправилно подесување. Откако ќе го соблечете градникот, проверете дали оставил црвени траги или се познаваат траги каде бил вкопан во кожата.
3. Фишбанот се вкопува во градите
Многу жени купуваат премали градници, кои резултираат со тоа фишбанот да се вкопува во ткивото на градите. Она воопшто не е удобно, а ниту здраво. Жицата треба да биде прилепена до градниот кош, под градите. Ако имате оваков проблем, не значи дека мора да купите градник со поширок појас, туку најверојатно е потребно да купите градник со поголеми корпи.
4. Појасот на градникот се крева нагоре
Појасот што се крева нагоре на грбот е голем црвен знак! Многу жени со поситна градба го имаат овој проблем затоа што купуваат градници, кои се преголеми за нивната градба. Појасот треба да биде таков да е удобно прилепен до телото, но и да можете да спровнете два прста под него. Иделаниот градник треба да има појас кој ќе ве обвиткува на исто ниво по целата должина.
5. Има празен простор помеѓу градите и градникот
Материјалот помеѓу градите треба да лежи на кожата, ако не е така веројатно сте одбрале градник со погешна големина. Во следното видео можете да видите како да одберете градник со соодветна големина:



