10 здравствени придобивки од циметот
Кој не го сака мирисот на наросен цимет врз пресна пита од јаболка? Но, циметот не само што има фантастичен вкус, туку има и голем број здравствени причини заради кои е добро да се консумира.
1. Бројни студии покажале дека циметот помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Циметот ја помага природната активност на инсулинот во телото, а исто така помага во метаболизирањето на шеќерите на поефикасен начин, така да не е потребно производство на толку големо ниво на инсулин.
2. Циметот го намалува нивото на LDL или познатиот лош холестерол. Намалувањето на LDL помага за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
3. Циметот има природни анти-инфекциски состојки. Студии покажале дека е ефикасен против Helicobacter. pylori - бактерија која предизвикува чир на желудник, како и други патогени.
4. Ја намалува болката од артритис. Се покажало дека циметот ги намалува цитокинините, кои пак се поврзани со артритичната болка.
5. Истражување на Универзитетот во Тексас покажало дека циметот може да ја редуцира пролиферацијата на канцерозните клетки. Тоа својство го прави да биде добар како превентива и помош на заболените од рак.
6. Циметот е природен конзерванс.
7. Циметот е богат со влакна, калциум и манган.
8. Се покажало дека циметот помага во намалување на менструалните болки.
9. Помага и во некои случаи на неплодност. Студии покажале дека заради содржината на цинамалдехид, циметот може да го зголеми производството на прогестерон, а да го намали производството на тестостерон кај жените, помагајки во балансирање на хормоните.
10. Циметот има влијание и врз разни неуродегенеративни болести, вклучувајки ги: Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, тумор на мозокот и менингитис. Истражување на Универзитетот во Тексас покажа дека циметот го намалува воспалението кај неуролошките нарушувања.


