Куркумата со својата ефикасност надминува многу фармацевтски третмани

Оценката на над 700 студии за куркумата (турмерик) покажа дека нејзините ефекти ги надминуваат ефектите на фармацевтските лекови кај третмани на некои тешки состојби, без несакани ефекти. Ревијата ја објави Др. Џејмс Дјук, познат етно-ботаничар.

Ако сакате да се чувствувате добро внесете ја куркумата во вашиот живот

Куркумата не само што ја подобрува добросостојбата, туку со своето против-воспалително дејство може да биде решение за многу инфламаторни болести.

Куркумата прави да се чувствувате подобро, да изгледате подобро и го елиминира воспалението во телото. Куркумата има над 25 против - воспалителни состојки, вклучувајки 6 различни COX-2 инхибитори (COX-2 е ензим кој предизвикува болка, отекување и воспаление).

Куркумата е зачин со голема антиоксидативнна моќ, ги подобрува симптомите и нуди заштита од низа состојби како артритис, Алцхајмерова болест, полипи на дебелото црево, Паркинсонова болест, рак, покачени триглицериди, дебелина итн.

Куркумата исто така има антивирусно, антибактериско и и антифунгално дејство, а освен тоа помага и да се ублажат алергиите.
 

Помош за природно слабеење

Куркумата помага во слабеењето, со тоа што го инхибира растот на нови крвни садови во масното ткиво, наречено ангиогенеза, која е неопходна за изградба на салото. Во исто време го намалува нивото на глукоза, триглицериди, масни киселини, холестерол и масти на црниот дроб.

Др. Дјук открил повеќе од 50 студии, кои го покажале ефектот на куркумата врз алцхајмеровата болест. Постојат индикации дека куркумата содржи состојки кои го блокираат создавањето на бета-амилоид, супстанција која е одговорна за намалувањето на церебралната функција кај алцхајмеровата болест.

Клетките од рак и куркумата

Куркумата го подржува здравиот раст и градењето на силно тело почнувајки на клеточно ниво. Со други зборови, таа има можност да ја помогне здравата клеточна делба и потенцијал да помогне во блокирање на слободните радикали, кои предизвикуваат ненормален раст на клетките.

Дјук открил над 200 цитата во студиите за куркумата и ракот и повеќе од 700 цитати за куркуминот (соедниние во куркумата) и ракот. Куркумата во животинските модели се покажала дека е ефикасна како превенција и третман на рак на дебелото црево, млечните жлезди, простата, езофагус, црн дроб и орален рак.

Има толку многу научни докази кои ја подржуваат идејата дека куркуминот има способност да ја запре ненормалната клеточна делба, преку блокирање на одредени хемикалии кои предизвикуваат рак, со стопирање на растот на крвните садови кои го промовираат растот на клетките на ракот и блокирање на нивниот раст.

Освен многуте благодети на куркумата за здравјето на телото, научна студија покажа дека куркумата е подобар антидепресив од познатиот прозак.

Зошто не би биле заинтересирани за оваа толку моќна природна супстанција?


Како да ја внесете куркумата во вашата дневна рутина?

Можете да си сварите чај од едно лажиче куркума, да ја ставите во супа или пак да ја сварите во млеко. Одличен начин да земате куркума е да направите златно млеко. За куркумата да биде поефикасна, односно да биде полесно достапна за организмот треба е да се земе со маснотии (кои ги има на пример во млекото), а исто така може да се додаде и малку црн бибер. На вас останува да бидете креативни во нејзината примена.