Јадењето овошје и зеленчук пред забременување ги намалува шансите за неисхранетост на бебето
Ново истражување го откри клучниот ризичен фактор поврзан се недоволната исхранетост на бебињата при раѓањето и бебињата со помала од нормалната тежина за нивната гестациска возраст.
Резултатите од испитувањето ја нагласуваат важноста на балансираната исхрана пред и за време на бременоста, а исхраната богата со свежо овошје и зеленчук влијаела да има подобри резултати кај бебињата.
Со испитувањето научниците сакале да откријат какви се ризиците за неисхранети бебиња на мајките со висок и нормален притисок во доцната бременост.
Во студијата учествувале 3513 жени. Тие биле интервуирани во 15-та седмица од бременоста (плус минус една седмица) и им бил направен ултразвучен преглед и мерење на бебето во 20-та седмица .
Научниците откриле дека исхраната на жената пред зачнувањето имала силно влијание врз ризикот за неисхранетост на бебето на мајките кај нормален притисок.
Жените кои консумирале големи количини на зелен лиснест зеленчук (3 порции дневно) имале 50% намален ризик за неисхранетост кај бебето. Оние пак кои јаделе малку овошје (1 порција неделно) имале 50% поголем ризик за неисхранетост. Научниците сметаат дека хранливите состојки од овошјето и зеленчукот ја штитат мајката и бебето, но исто така претпоставуваат дека мајките со таквата исхрана веројатно водат поздрав живот во глобала.
Ако сакате да забремените јадете многу зеленчук за здраво бебе
Оние жени што јаделе големи количини на масна риба (3 порции неделно) имале 60% помал ризик за неисхранетост на бебето.
Авторите на студијата сугерираат дека времето пред бременоста е идеално време за да се охрабат жените да го прифатат здравиот начин на исхрана.
Другите резултати од студијата покажале дека жените кои пушеле во 15-та седмица од бременоста имале за 60% поголем ризик за неисхранетост на бебето. Претходен труд на истите научници покажал дека ризикот се поништува ако мајката престане да пуши пред 15-та седмица.
Проф. Lesley McCowan - Шеф на Одделот за Гинекологија и Акушерство на Универзитетот во Оукланд и водач на студијата вели:
Неисхранетите бебиња имаат поголем ризик да се родат предвремено и да имаат компликации покасно во животот.
Резултатите од студијата ги покажаа факторите на ризик за мајките со нормален притисок:
- Консумирање на мало количество овошје (1 порција седмично) три месеци пред бременоста.
- Пушење.
- Возраста на мајката.
- Секојдневното интезивно вежбање.
- Ако мајката и самата била родена со мала тежина.
Јадењето на 3 порции зеленчук дневно, го намалувало ризикот за 50%, исто како и имањето на негативен RH фактор.
Кај жените пак со висок притисок, ризикот бил зголемен во случај на: ин витро третман, претходни рани губења на бременоста и висок притисок пред бременоста.