Со исхрана до зачнување девојче

Нова студија тврди дека мајките кои сакаат да родат девојче треба да ги исфрлат од исхраната бананите и да преминат на зрнеста храна и тврдо сирење.

Научниците потврдија дека исхраната и темпираните сексуални односи можат да ја зголемат веројатноста за зачнување на девојче.

Ако мајката сака да забремени и да роди девојче треба да се воздржува од храна богата со калиум и натриум, како: маслинки, сланина, сувомеснати производи, компири, леб, тестенини итн.

Наместо тоа, треба да јаде повеќе храна богата со калцуим и магнезиум. Во храна богата со калциум спаѓаат: јогурт, тврдо сирење, спанаќ, бадеми, овес, броколи, портокали итн. Со магнезиум пак се богати житарките, смоквите и зрнестиот зеленчук.

Научниците тврдат дека исхраната на таткото нема влијание врз полот на детето.

Освен исхраната, важни се е сексуалните односи. За девојче е потребно да се има почесто секс, но не во деновите непосредно пред овулацијата.

Во студијата учествувале 172 жени на возраст од 23-42 г., кои веќе имале родено барем по едно момче. Им било советувано да го намалат внесувањето на сол и да вклучат во исхраната леб, зеленчук, овошје, месо, ориз и тестенини.

Повеќето од жените испаднале од студијата затоа што не се придржувале до стриктната исхрана или правилата кои им биле препишани.

Останале 21 жени кои родиле деца. Од нив 16 добиле ќерки - што е стапка на успех од речиси 80%.

Резултатите покажуваат дека исхраната и тајмингот ја зголемуваат шансата за зачнување на девојче, но влијанието на исхраната е понагласено.

Други студии покажаа дека сперматозоидите кои ги носат гените за женски деца се посилни и живеат подолго, од оние кои носат гени за машко потомство, а се побрзи и со пократок живот. Од оваа причина на родителите кои сакаат девојче им се препорачува да се воздржуваат од сексуални односи во време на овулацијата кога подоминантни би биле машките, брзи сперматозоиди.

Ова е прв пат да се направи експеримент со луѓе, претходно биле правени испитувања на морски црви, свињи и стаорци, иако некои испитувања покажале дека жените кои имале раѓано само момчиња имале исхрана богата со калиум и натриум.

Некои родители за да добијат дете од саканиот пол се одлучуваат на ин-витро оплодувње, но според холандските научници тоа е сепак преголем чекор во вмешување во природата.