Научна студија: Бебињата се обидуваат да пеат на музика уште во стомакот

бебе во стомакот

Научници од Институтот  Marques, од Барселона, открија дека бебињата слушаат веќе во 16-та недела од бременоста. Ушите тогаш се целосно развиени, но досега претпоставките беа дека бебињата почнуваат да слушаат најрано во 18-та недела, а според некои тврдења близу до 26 недели.

Водачот на студијата Marisa Lopez-Teijon, вели дека фетусите реагираат на музиката со отворање на устата и мрдање на јазикот, како да се обидуваат да пеат.

Музиката го стимулира делот од мозокот, кој учествува во комуницирање и затоа на слушањето на звуците бебињата уште во стомакот реагираат со движења слични на вокализирање - еден чекор кон пеење и зборување.

Во студијата на бебињата им била пуштана музика преку стомакот на мајката или интравагинално со специјални уреди.

Ултразвучните скенирања покажале дека пред да почне музиката околу 45% од бебињата правеле спонтани движења со главата и екстремитетите, а 30% со устата или јазикот, додека 10% го ваделе јазикот надвор.

Кога бебињата биле изложени на музиката преку интравагинален уред, 87% реагирале со движење на главата и екстремитетите и тоа било придружено со специфични движења на устата и јазикот, кои сопреле кога сопрела музиката,

Дури 50% од бебињата реагирале со широко отворање на вилицата и целосно вадење на јазикот надвор од устата.

Колку понапредна била бременоста, толку поизразени биле и движењата на лицето. Секое бебе си имало различно ниво на реагирање секој пат кога ќе почнела музиката, а близнаците имале слични реакции.

Научниците велат:


Свесни сме за важноста на зборувањето на бебињата од моментот кога се родат за да се промовира невролошката стимулација.

Но сега имаме восхитувачка прилика ова да го правиме многу порано, што е голема предност.

Погледнете го видеото и сами:

 

.

интравагинален уред за музика