Повеќекратно зголемување на плодноста со земање на DHEA
Студија на Универзитетот во Тел Авив им дава нова надеж на жените кои сакаат да зачнат. Се работи за пилула која може да се купи без рецепт.
Проф. Adrian Shulman од Медицинскиот Факултет на Универзитетот во Тел Авив пронашол статистичка поврзаност помеѓу витаминскиот додаток DHEA (кој се користи за да ги намали последиците од стареењето) и успешноста на третманите за неплодност кај жените.
Во студијата се покажало дека жените кои земале DHEA имале повеќекратна поголема успешност на третманите за неплодност, во споредба со оние кои не не земале. Резултатите од студијата се објавени во AYALA - списание на Израелското Здружение за Плодност.
По слушањето на "приказните" од жени дека DHEA ја зголемува успешноста на третманите за неплодност, професорот Shulman решил да ги провери тие гласини.
Имало контролна група на жени со слаба овулација и група на жени кои примале по 75 милиграми DHEA во текот на 40 дена пред започнувањто на третманот и продолжиле да го земаат и во наредните 5 месеци.
Докторите откриле дека жените кои земале DHEA не само што имале поголеми шанси за зачнување, туку имале и поголеми изгледи за здрава бременост и породување.
Во групата која земала DHEA имало 23% успешност на третманите и живо раѓања, а кај контролната група таа бројка изнесувала 4%. Уште се покажало дека во групата која го земала стероидот сите бремености, со исклучок на една завршиле со здрави породувања.
Проф. Adrian Shulman им препорачува на жените кои имаат слаб успех со третманите за неплодност да почнат да земаат DHEA во период од 4-5 месеци, во комбинација со третманот. Но препорачува претходно да се консултираат со нивниот гинеколог.
DHEA (де-хидро-епи-андростерон) е стероид кој природно се синтетизира во жлездите за внатрешно лачење и во мозокот и игра многу важна улога во животот на луѓето и сите цицачи.
Проф. Shulman вели дека треба да се продолжи со испитувањата за да се дознае на кој начин DHEA ја подобрува плодноста кај жените кои вообичаено не рагираат добро на третманите за неплодност. Тој вели дека можеби се подобрува кавлитетот на јајце клетките или фоликулите, но сепак се неопходни натамошни испитувања.