Со моркови и домати до поздрава сперма
Интернационална студија, предводена од Харвард, покажа дека зеленчукот со жолта и портокалова боја ја подобрува машката плодност, но морковите биле тие кои имале најголемо влијание.
Позитивното влијание на морковите врз спермата доаѓа од каротиноидите, кои им ја даваат карактеристичната боја. Тука спаѓа и бета каротенот, кој телото го претвора во витамин А. Антиоксидантите ги неутрализираат слободните радикали, кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК.
Слична студија во САД покажа дека храна со слична боја, како слаткиот компир и жолатата лубеница можат да го подобрат квантитетот и квалитетот на спермата за 10%.
Проценките сугерираат дека околу 30% од мажите кај паровите кои прават ин витро се субфертилни, а 2% се целосно неплодни.
Во последната студија учествувале 200 здрави млади луѓе, на кои им бил даден вариетет на овошје и зеленчук за да се види каков ефект ќе има тоа врз спермата.
Жолтите и портокаловите плодови ја подобриле спермата 6,5-8%, а исто така ја подобриле и подвижноста на сперматозоидите.
Црвените плодови пак (особено доматите, како резултат на содржината на ликопен) помогнале да има помалку сперматозоиди со ненормална форма. Бројот на сперматозоиди со ненормална форма кај мажите кои јаделе црвени плодови опаднал за 8-10%, што може да има големо влијание кај паровите кои сакаат да зачнат.
Студијата заклучува дека во популацијата на здрави млади луѓе, каротиноидите се поврзани со зголемена подвижност на спермата, а ликопенот со подобра морфологија.