Најубав Божикен подарок: Мајка ја породила ќерката на Божик пред да стаса брзата помош
Social Buttons
Бабата Кет (49) утрото на Божик дошла кај ќерка си за да ги отворат Божикните подароци, но се случило нешто сосема друго: Го добиле најубавиот Божикен подарок.
Се се одвивало толку брзо и додека сите биле во паника, бабата сфатила дека работата е отидена толку далеку што нема да имаат време да одат во болница. Таа се јавила во итната помош и преку телефон добила инструкции како да и помогне на ќерка си.
Кет вели:
Навистина беше многу тешко за нервите, не знаев ништо за породување на бебиња.
Но болничарите на телефон ми кажаа што да правам и се помина добро.
Бебето дишеше, но не заплака. Па ја превртев и ја масирав на грбчето и испушти мал писок.
Исто така се осигурав дека папочната врвца не е замотана околу вратот.
Семејството од Јужен Велс вели дека го добило најубавиот Божикен подарок, а бабата е горда што самата ја породила својата ќерка.
Како што се приближувал терминот на породување се било испланирано во детали за одењето во болница. Но кога мајката се разбудила утрото контракциите почнале, а се се одвивало толку брзо.
Среќните родители веќе имаат 7 годишна ќеркичка, која е пресреќна заради малото бебе.


