Совети што треба да ги слушне секоја мајка

  1. Во ред е да се признае дека понекогаш мајчинството не е забавно, понекогаш сте и исцрпени и не ви е мило што вашиот сопруг оди во светот додека вие бришете носиња и газиња.
  2. Доењето секако дека е најдобриот начин на исхрана за бебето, но недоењето нема да го убие вашето бебе, без разлика како прави да се чувстувате вашата пријателка.
  3. Одвојте си време за да се истуширате, секој еден ден.
  4. Запомнете: Ќе престанат да плачат... некогаш.
  5. Не ви е потребен топлач за пелени.
  6. Некогаш ќе чувствувате дека сакате да ги фрлите низ прозор. Во ред е, се додека не го направите тоа.
  7. Не се споредувајте со другите, сите сме различни. Се што можете е да бидете најдобрата мајка, која можете да бидете.
  8. Облекувајте го бебето во неговите "убави" алишта. Па што ако се извалкаат? Сочувајте ги омилените парчиња за излегување и вашето бебе ќе порасне толку брзо што можеби нема ни да ги облечете.
  9. Не ги судете другите родители. Ниту тие самите не знаат што прават.
  10. Снимајте видеа со вашите деца. Сликите се супер - исто така, но видеата зачувуваат моменти кои сликите не можат да ги зачуваат.
  11. Не сфаќајте ги работите премногу сериозно. Нема потполно да ги уништите вашите деца ао некогаш пропуштат зеленчук, капење, ако заспијат во облеката и ако одвреме на време се извлечат за некоја работа.
  12. Никој друг не знае што е подобро за вашето бебе.
  13. Дозволете да се извалкаат, затоа служи капењето.
  14. Одвојте си време за да ги наполните батериите. Не е себично да се гржите и за себе.
  15. Одберете ги вашите битки, не се сите вредни за да се бијат.
  16. Родителството е дефинирано со екстреми: екстремна среќа, екстремна фрустрација, екстремна љубов, екстремна вина... Научете да дишете и обидете се да ја најдете среќата во секој еден ден.
  17. Родителите кои изгледаат дека се успеале во се, најчесто се во поголем неред од вас.
  18. Вршите одлична работа, опуштете се!