Мајка одбила да го абортира бебето заради тешко оштетување на мозокот, па го родила совршено здраво

Social Buttons

Лиан Сток (38) родила совршено здраво девојче, откако решила да не го послуша советот да го абортира бебето.

Таа и нејзиниот сопруг веќе имале 2 сина и биле пресреќни кога дознале дека повторно е бремена.

Кога лекарите им кажале дека бебето веројатно има тешко оштетување на мозокот и дека нема да може да комуницира со нив, ниту да ги препознава, тие биле скршени од болка:

Требаше да донесеме ужасна одлука. Поминавме низ агонија додека ја носевме одлуката, се до последниот миг.

Кога била забележана состојбата кај бебето веднаш биле упатени да се направи уште еден преглед, но таму само била потврдена дијагнозата од која најмногу се плашеле - холопросенцефалија (предниот дел од мозокот не успева да се формира во 2 хемисфери), што значи дека бебето веројатно имало тешко оштетување на мозокот.

Родителите поминале агонија, но решиле да и дадат шанса на Мајли. Биле шокирани кога се родила совршено здрава.

Лиан вели:

Тоа беше кошмар. Миневме низ агонија додека решававме што да правиме и секој пат кога ќе ме клоцнеше моето срце се кршеше.

Докторите рекоа дека можеби никогаш нема да оди, зборува или да не препознава. Исто беше можно да биде физички деформирана. (80% од бебињата со таа дијагноза имаат и фацијални дефомитети) Имаше многу непознати нешта, вели таткото.

Малји се родила совршено здрава



Иако веќе била во 30-та недела од бременоста сепак лекарите ја советувале Лиан да абортира.

Шест недели пред терминот за породување биле во болницата каде морале да ја соопштат својата конечна одлука за судбината на Мајли. Лиан вели дека не можела да го напушти своето бебе, но и дека се грижела за квалитетот на неговиот живот. Инстиктот и кажувал дека ако постои шанса некогаш таа да ги препознае, не би можеле да ја прекинат бременоста. Во болницата им кажале дека постои многу мала шанса дека бебето некогаш ќе може да ги препознае, тие си размениле погледи и моментално се согласиле дека нема да ја прекинат бременоста.

Кога се родила Мајли акушерките и лекарите биле запрепастени, ги направиле сите стандардни тестови и таа ги поминала одлично. Била совршено здрава. Потоа била снимена со магнетна резонанца, со што само се потврдило дека е здрава и дека никогаш не ни имала холопросенцефалија.

Целото семејство


Олеснувањето на родителите преминало во гнев кога сфатиле колку блиску биле да го абортираат своето дете.

Лиан вели:

Толку ми е мило што го послушав својот мајчински инстикт и и дадов шанса да живее.

Designed by Antsin.com