Вашето бебе јаде тоа што јадете вие

влијание на исхраната на мајката врз бебето

Нова кампања се обидува да ги предупреди бремените идни мајки, како и мајките на малите деца за ефектите од нивната исхрана врз нивните деца. За цел на кампањата направени се фотографии на бебиња кои цицаат, додека дојките на мајките се насликани да личат на разни нездрави оброци (чизбургер, слатки, газирани пијалоци и сл.).

Кампањата ја започна Бразилското Педијатриско Здружение на Рио Гранде.

Преку кампањата предијатрите се обидуваат да ги потсетат мајките на потенцијалната штета од нивната неправилна исхрана врз нивните бебиња.

Одамна е познато дека здравата исхрана за време на бременоста е една од најважните работи, кои можете да ги направите за идното здравје на вашето бебе, но нови истражувања покажуваат дека влијанието е уште подлабоко.


Неодамнешна студија на Проф.по Педијатрија и молекуларна и хумана генетика - Robert Waterland, покажа дека здравата исхрана на бремените мајки може да резултира кај бебињата да се развијат варијанти на гени, кои можат да ги потиснат туморите. Во секој случај, ако бремената мајка нема добра исхрана, има помала веројатност дека имунолошкиот систем на бебето ќе ја активира оваа варијанта на гени кои се борат против ракот.


Фотографиите се чини дека успешно ја пренесуваат пораката за важноста на исхраната на самата мајка, како уште додека бебето е во стомакот, така и за време на доењето.

влијание на исхраната на мајката врз бебето
влијание на исхраната на мајката врз бебето