Едноставен домашен електролитски пијалок

Потење по напорната работа или вежбање, повраќање, дијареја, температура и сл. се главните причинители за губење на електролити од организмот.

Електролитите во организмот се неопходни за работата на нервите и мускулите, за одржување на количеството на вода во клетките, како и за одржување на базно - киселинската рамнотежа. Нивниот недостаток може да има тешки последици.


Еве како да направите домашен пијалок, кој е одличен за деца и трудници, а ќе ви помогне да останете хидрирани.
 


1/2 чаша свеж сок од потрокал
1/4 чаша свеж сок од лимон
2 чаши филтрирана или прочистена вода
2 лажици мед
1/8 мало лажиче сол

Измешајте ги добро состојките се додека не се раствори медот (можете да употребите и блендер) .

Готово, вашиот пијалок е готов.

Наздравје