Пушењето во бременоста може да им даде астма на внуците

Пушењето во бременоста може да ги зголеми шансите за развот ја хронични проблеми со белите дробови дури и во наредните 3 генерации. До овакво откритие дојдоа научниците од Институтот за Биомедицински Истражвања на Харбор.

Оваа појава е позната како трансгенерациски линк, затоа што третата генерација никогаш не била директно изложена на никотин или пушење. Претходно истражување покажа дека пушењето во бременоста е поврзано со појава на астма во втората генерација.

Др. Virender Rehan, водач на студијата вели дека ова сознание треба да им даде на идните мајки уште повеќе причини за да размислат за пушењето.

Претходни студии покажаа дека причина за астма во втората генерација се епигенетески модификации - фактор кој предизвикува промена во гените.

Никотинот влијае врз клетките на белите дробови и врз половите клетки, така што белите дробовите кои се развијат од тие клетки имаат абнормални промени, кои можат да предизвикаат астма.