Добивајте известувања од сајтот Твое Бебе! Многу информации за зачнувањето, вашата бременост, бебе, грижата за бебето итн.
Синдром на ненадејна смрт кај бебињата - смрт во колевка
Синдормот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) или смрт во колевката е главната причина за смртност кај бебињата на возраст од 1 месец до 1 година. Сепак 90% од синдромот се јавува во првите 6 месеци, со тоа што е најчест помеѓу 2 и 4 месеца. Синдромот е особено застрашувачки затоа што не се знае точната причина заради која доаѓа до него и нема никакви симптоми, а бебињата умираат во сон.
Постојат многу теории за причината за синдромот, но она што охрабрува е фактот дека постојат работи кои можат значително да го намалат ризикот да дојде до него.

