Бебето кое одби да умре
Ова е вистинска сторија за борбата и желбата за живот. Ребека Џонс (35) и нејзиниот сопруг Марк Џонс (36) биле пресреќни кога дознале дека по неколку годишни обиди Ребека повторно останала бремена. Тие веќе биле родители на шест годишно момче. Радоста уште повеќе се зголемила кога во десеттата седмица од бременоста дознале дека ќе добијат близнаци.
Она што ги фрлило во очај била контролата направена кога Ребека била во дваесеттата седмица од бременоста. Лекарите им кажале на родителите дека едното бебе не напредува добро и дека е со напола помала тежина од другиот близнак. Уште полошо во целата ситуација било што неговото срце било 3 пати поголемо од нормалната големина. Лекарите изјавиле дека помалото бебе речиси нема шанси да преживее и дека веројатно ќе умре од срцев или мозочен удар. Тие ги советувале родителите да направат операција со која ќе го усмртат помалото бебе, за да ги зголемат шансите на здравиот близнак да преживее.
Тоа била ужасна дилема за родителите, на крајот Ребека решила да ја направат операцијата. Таа во агонија помислила дека е подобро бебето да умре во утробата покрај своето братче, отколку по раѓањето. Со скршено срце се збогувала од бебето, не верувајки дека има шанси да преживее.
Операцијата се случила во 26-та седмица од бременоста. Лекарите се обиделе да ја пресечат папочната врвка на помалото бебе, кое родителите го нарекле Габриел, но не успеале да го направат тоа бидејки била преногу дебела. Тогаш решиле да го пресечат делот на плацентата за кој бил прицврстен Габриел, со што би се спречил дотекот на хранливи материи.
Она што сите ги изненадило следното утро биле движењата на Габриел.
Иако луѓето решиле дека тој треба да умре, малиот Габриел не се согласил со тоа и продолжил да се бори за живот.
Иако операцијата била наменета за да го прекине животот на Габриел, таа всушност овозможила двете бебиња да почнат да примаат рамномерно хранливи материи. Не само што малиот Габриел ја преживеал операцијата, туку почнал да напредува и срцето почнало да ја добива нормалната големина.
Породувањето било извршено со царски рез 5 седмици покасно во 31-та седмица. Двете бебиња биле во стабилна состојба, иако Габриел тежел само 880 грама, а поголемото братче кое го нарекле Иан, тежело 1,6 кг.
Денес тие се среќно семејство. Ребека вели дека братчињата се неразделни, цело време се држат за рака и дека на 6-месечна возраст Габриел речиси ја има достигнато тежината на Иан. Иан е побучен, додека Габриел е оној кој цело време се смее. Како да е среќен што е тука.
Иан и Габирел на 6-месечна возраст