Раното пресекување на папочната врвца го спречува процесот на природната трансплантација на матични клетки

Social Buttons

Од: Твое Бебе on Недела, 30/05/2010 - 09:56

Пресекувањето на папочната врвца по раѓањето треба да се одложи за неколку минути, сугерираат истражувачите од "University of South Florida's Center of Excellence for Aging and Brain Repair".

Одложувањето на пресекувањето на папочната врвца овозможува да се транспортира поголемо количесто крв од мајката кон бебето, а со тоа и многу физиолошки дарови за детето преку природната трансплантација на матични клетки при раѓањето.

Студијата е објавена во списанието "Journal of Cellular and Molecular Medicine".

Неколку студии покажаа дека одложувањето на пресекувањето на папочната врвка, не само што придонесува бебето да добие повеќе крв, туку помага и да се спречи и анемијата - вели Dr. Paul Sanberg - водач на центарот. Крвта од папочната врвца содржи многу скапоцени матични клетки, така да одложувањето на сечењето помага повеќе од овие клетки дојдат во телото на бебето. Dr. Paul Sanberg вели дека тоа може да се смета за прва "природна трансплантација на матични клетки".

При раѓањето плацентата и папочната врвка се контрахираат и почнуваат да пумпаат крв кон бебето. Откако крвта ќе се изедначи, пулсирањето на папочната врвца и преносот на крв прекинува. Во западниот свет практиката досега беше да се сече папочната врвка додека се уште пулсира. Тоа се должи на недоволното познавање од продобивките од одложувањето од неколку минути и почекувањето врвката сама да прекине да пулсира.

Исто и положбата во која жените раѓаат придонесува да се забрза или успори трансферот на матични клетки. Кога жените раѓаат во клечечка, наместо во легната положба, не само што е олеснето породувањето, туку гравитацијата помага да се забрза и трансферот на матични клетки.

Dr. Park. вели дека повеќе анализи покажуваат дека одложеното пресекување на папочната врвка од барем 30 секунди ги намалува случаите на: интравентрикуларно крварење, појава на сепса, анемија и има намалена потреба од трансфузија на крв кај новороденчињата.

Друга придобивка од одложеното сечење на папочната врвка е што детето ќе ги прими целосно придружните фактори за згрутчување на крвта.

Истражувачите истакнуваат и дека многу чести нарушувања кај предвремено родените новороденчиња ќе се намалат со одложеното пресекување на папочната врвка. Тука спаѓаат: проблеми со дишењето, анемија, сепса, интравертикуларно крварење и перивентрикуларна леукомалација - најчеста причина за оштетување на мозокот кај предвремено родените бебиња. Истражувачите претоставуваат дека би се намалиле и многу други заболувања, како: хронични заболувања на белите дробови, апнеа и ретинопатија кај предвремено родени бебиња.

Dr. Stephen Klasko истакнува дека најважно е да не се дозволи да се загубат скапоцените матични клетки за време и непосредно после породувањето.

Designed by Antsin.com