Колку тежина треба да качи жената во текот на бременоста
Бројот на килограми кои е потребно да ги качите во бременоста зависи од тоа колкава била вашата тежина споредена со висината пред започнувањето на бременоста. Врската помеѓу висината и тежината се изразува преку така наречениот Индекс на телесна маса - BMI (body mass index). Вашиот индекс можете да го пресметате на следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА ИНДЕКС НА ТЕЛЕСНА МАСА.
Пронајден протеин од незаменливо значење за успешна бременост
Истражувачите од "Yale School of Medicine" и нивните колеги од "Society for the Investigation of Early Pregnancy" помогнаа да се разјасни функцијата на протеинот наречен Предимплатациски фактор, кој го произведуваат здравите ембриони со цел да управува со прицврстувањето на ембрионот за матката и да и помогне на мајката да се адаптира на бременоста.
Ново - биолошко објаснување за појавата на постпородлината тага
Употребувајки напредна технологија на сликање на мозокот, истражувачите на Центарот за зависности и ментално здравје во САД утврдиле дека нивото на MAO-A кај здравите жени после 5-6 дена од породувањето било за 43% поголемо од нивото кај жените кои немале неодамнешно породување. Најголеми концентрации на MAO-A биле утврдени на петиот ден после породувањето, тоа е воедно и денот кога постпородилната тага вообичаено е најизразена кај мајките по породувањето.
Бременоста по тромесечија
Бременоста трае околу 40 седмици, почнувајки да се брои од првиот ден на Вашата последна менструација. Запомнете го овој ден, затоа што тоа е важна информација за Вашиот лекар и следењето на Вашата бременост. Вашиот лекар ќе ја пресмета должината на Вашата бременост, врз основа на овој датум. При редовните контроли ќе го споредува развојот и напредокот на бременоста врз основа на таа информација.
Фолна киселина
ВАЖНОСТ НА ФОЛНАTA КИСЕЛИНА
Фолната киселина или Б-9 витаминот спаѓа во Б групата на витамини. Фолната киселина е од огромно значење за организмот, затоа што учествува во многу метаболички процеси и е неопходна за здравјето на секој човек. Фолната киселина чествува во синтезата на нуклеинските киселини, крвните клетки и т.н.
Децата на бремените жени со зголемена тежина имаат зголемен ризик
Во новиот број на списанието Nursing for Women's Health, објавена е статија во која се укажува на тоа дека дебелината кај бремените жени е поврзна со компликации, вродени дефекти, како и зголемен ризик од дебелина кај детето во детството и зрелата возраст.
- Најавете се или регистрирајте се за да напишете коментар
- Прочитај повеќе
Претераното качување на килажа во бременоста носи двојно поголеми шанси за раѓање на преголемо бебе
Ова е објавено во ноемвриското издание на Obstetrics & Gynecology.
Во студијаta на Kaiser Permanente Center од Орегон, во која учествувале повеќе од 40000 жени и нивните бебиња, било утврдено дека жените кои качиле повеќе од 18 кг во текот на бременоста имале двојно погoлми шанси да имаат бебиња со тежина над 4 килограми.
- Најавете се или регистрирајте се за да напишете коментар
- Прочитај повеќе

