Колку тежина да се качи во бременоста

 

Бројот на килограми кои е потребно да ги качите во бременоста зависи од тоа колкава била вашата тежина споредена со висината пред започнувањето на бременоста. Врската помеѓу висината и тежината се изразува преку така наречениот Индекс на телесна маса - BMI (body mass index). Вашиот индекс можете да го пресметате на следниот линк: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА ИНДЕКС НА ТЕЛЕСНА МАСА.
За тоа колку точно тежина треба да се качи во текот на бременоста не постојат изедначени ставови помеѓу лекарите, сепак има некои општи препораки:

  • Ако вашиот Индекс на телесна маса (BMI) пред бременоста бил во граници на нормалата, односно се движел од 18,5-24,9, треба да качите помеѓу 11 и 16 кг.
  • Ако вашиот Индекс на телесна маса пред бременоста бил помал од 18,5 - односно сте биле недоволно ухранети, тогаш во текот на бременоста е потребно да качите помеѓу 12,5 и 18 кг.
  • Ако вашиот Индекс на телесна маса пред бременоста бил од 25-29,9 - односно сте имале преголема тежина, тогаш во бременоста е потребно да качите 7-11 кг.
  • Доколку носите близнаци и пред бременоста сте имале нормален BMI, треба да качите 17-24,5 кг.
  • Доколку носите близнаци, а пред бременоста сте имале BMI кој покажувал зголемена тежина, треба да качите од 14-22,5 кг.
  • Ако сте бремени со близнаци, а пред бременоста вашиот BMI покажувал дебелина, во бременоста треба да качите од 11-19 кг.

 

 

Зошто е важно да се качи соодветна тежина

  • Жените кои ставаат преголема килажа во текот на бременоста имаат повисок ризик од потреба за царски рез, ова се јавува од причина што бебето е преголемо за да помине низ родилниот канал. Исто така и ако породувањето не се случи со царски рез постојат дополнителни ризици од компликации во текот на породувањето.
  • Жените кои качуваат премногу голема килажа во бременоста потешко покасно можат да ја симнат. Тоа прави наредните бремености бидат започнати со вишок килограми, што од своја страна ги зголемува шансите за труднички дијабетес и прееклампсија.
  • Децата на мајките кои се со преголема тежина и самите имаат поголеми изгледи да бидат дебели, да имаат дијабетес, а со тоа и поголеми изгледи за здравствени проблеми.
  • Жените пак кои не качуваат доволно килажа, односно се недоволно ухранети имаат поголеми шанси за предвремено породување и за раѓање на бебето со премногу мала тежина. Последиците од ова можат да имаат сериозни последици врз здравјето на бебето, па дури можат да бидат и фатални.

Како да ја качите соодветната тежина во бременоста

Имајте на ум дека иако јадете за двајца, тоа не значи дека треба да јадете колку двајца. Во просек е потребно да внесете повеќе околу 300 калории дневно, од вообичано. Во првото тромесечие уште помалку. На следниот линк можете да прочитате за исхраната: ИСХРАНАТА  ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.