Мисија на сајтот: Да обезбедиме квалитетни и современи информации за здрава бременост, бебе, зачнување, родителство и здраво семејство.

дебелина

Хранење на бебињата на нивно барање може да помогне во иднина да се спречи дебелина

Современите мајки кои ги избегнуваат традиционалите рутини и ги хранат своите бебиња на нивно барање, може да им помогнат за да не добијат прекумерна телесна тежина подоцна во животот.
 
Истражувањата покажуваат дека новороденчињата кои добиваат храна секогаш кога сакаат, можат да ги држат апетитот и тежината под контрола кога ќе пораснат.
 
Спротивно на тоа, строгиот распоред по кој бебиња се хранат само на секои четири часа, може да биде причина за епидемијата на дебелината.
 

Поздравиот начин на живот може да заштити од рак на дојка

Лекарите од Светскиот фонд за истражување на ракот тврдат дека два од пет случаи на рак на дојка, би можеле да бидат спречени ако жените усвојат здрав начин на живот.

Истражувањата покажуваат дека со зголемувањето на физичката активност, намалувањето на консумација на алкохол и одржувањето на здрава тежина може да се минимизира ризикот за развој на болеста.

Повеќе од една на пет жени во В. Британија е класифицирана како дебела, а истражувањето покажа дека тие жени имаат речиси 50% поголеми шанси да умрат од рак на дојка, од жените со нормална тежина.

Децата кои имаат заеднички семејни оброци имаат помала веројатност дека ќе бидат дебели

Ова го покажа новото истражување, децата кои учествуваат во заеднички семејни оброци имаат помали шанси дека ќе се свртат кон брза храна и дека ќе бидат дебели.

Ова е исклучително важно во време кога во западните земји дебелината кај децата станува епидемија.

 

Исхраната за време на бременоста може да ја измени ДНК на детето и да предизвика дебелина во подоцнежниот живот

Многу одамна се знае дека здравата исхрана во бременоста е еден од клучните фактори за здравјето на бебето.

Меѓународната студија покажа дека она што го јаде мајката во бременоста, може да влијае врз промена на гените на детето, односно врз процесот наречен епигенетски промени. Ова пак може да влијае на склоноста на детето да складира повеќе масти.
 

Згоените деца покажуваат знаци на срцево заболување

Децата со згоеност покажуваат знаци на срцево заболување, кое нормално се забележува кај средовечни луѓе.

Зголеменото стврднување на аортата е нешто што вообичаено се гледа кај средовечните возрасни луѓе со кардиоваскуларни заболувања. Сега истата состојба е забележана кај згоените деца.

Водачот на студијата Др. Kevin Harris вели дека се работи за процес на стареење на аортата, но кој е забрзан кај децата.
 

Тајната за подолг живот е во телото во форма на круша

Истражувачите велат дека големиот задник и колкови водат до подолг живот.

Претходни студии покажаа дека салото кое се складира на стомакот го зголемува ризиот од срцеви заболувања, удар и дијабетес, додека пак килограмите кои се таложат на задната страна и врвот на нозете го намалуваат ризикот.

Др. Michael Jensen од Mayo Clinic и неговите колеги решиле да направат експеримент во кој учествувале 28 мажи и жени. Тие земале прекумерно храна во текот на 8 недели, за да се види како ќе се таложат мастите во телото.

Совети за слабеење од Џеки Варнер

Познатата фитнес инструкторка на многумина од познатите личности, Jackie Warner, во интервју за TIME зборува за нејзиниот режим на исхрана, објаснува како да се храните здраво и зошто не треба да прескокнуваат оброци. Еве дел од нејзиното интервју:

Намалувањето на тежината го намалува ризикот за компликации во бременоста

Намалувањето на тежината по породувањето е проблем за голем број жени, но намалувањето за само 5 кг може да го намали ризикот за опасни компликации во следната бременост кај жени кај кои веќе имало компликации во бременоста.

Прееклампсијата
се карактеризира со висок крвен притисок, протеини во урината и отекување, може да влијае врз црниот дроб, бубрезите и системот за коагулација на крвта. Прееклампсијата е водечкиот фактор на смрт за врме на породувањето во развиените земји.

Вежбањето го намалува ризикот од генетска дебелина

Нова студија покажа дека вежбањето го намалува ризикот за дебелина кај луѓе со генетска предиспозиција за неа во просек за 40%. Во некои семејства навистина дебелината е многу почеста, но се покажа дека тоа не мора да биде така.

Заклучоците се базирани врз студија извршена врз 20,430 луѓе.

 

Лекови кои дебелеат

Милиони луѓе секојдневно земаат лекарства, кои можат да предизвикаат зголемување на нивната тежина.

Многу лекарства можат да го зголемат апетитот, да предизвикаат подуеност или да го забават метаболизмот. Еве некои од нив:

Последно на форумот


Subscribe to RSS headline updates from:
Powered by FeedBurner