Абортусот и спонтантиот абортус три пати ги зголемуваат шансите за раѓање на бебе со премала телесна тежина во следните бремености

Жените кои имале абортус или пак доживеале спонтан абортус имаат 3 пати поголем ризик од раѓање на следното бебе со премала телесна тежина, покажуваат новите истражувања.

Колку е поголем бројот на абортуси или спонтани абортуси кај жената, толку се зголемува и ризикот од премала тежина на бебето во следната бременост.

Раѓањето со премала тежина (под 2500 грама) и предвременото раѓање (пред 37-та седмица од бременоста) се главната причина за смртност кај бебињата.

Авторите на студијата користеле податоци од Перинаталниот проект за соработка на САД, кој бил поставен во 1959 г. за да се испита поврзаноста на факторите за време на бременоста и раѓањето и развојот во детството.

Биле испитани вкупно 45000 парови на мајки и деца. Приближно 40% од мајките имале по 1 или 2 деца, а речиси 2/3 биле на возраст од 20-29 г.

Била откриена цврста поврзаност помеѓу абортусот и спонтаниот абортус и прераното раѓање или пак раѓањето на бебето со премала тежина, дури и одкако биле исклучени другите фактори на ризик како: пушење, висок крвен притисок или тешко пиење на алкохол.

Жените кои имале еден, два или три и повеќе абортуси или пак спонтани абортуси во минатото, имале речиси 3, 5 и 9 пати зголемен ризик од раѓање на бебе со премала тежина од оние жени кои претходно немале абортус или спонтан абортус.

Слично на тоа, жените кои имале абортус или спонтан абортус имале за 67% зголемена можност за предвремено породување во следните бремености. Додека оние кои имале повеќе од 3 абортуса имале 3 пати поголема шанса за предвремено породување.

Жените и лекарите треба да бидат свесни за потенцијалните ризици, заклучуваат водачите на студијата.

Designed by Antsin.com