Децата на бремените жени со зголемена тежина имаат зголемен ризик
Во новиот број на списанието Nursing for Women's Health, објавена е статија во која се укажува на тоа дека дебелината кај бремените жени е поврзна со компликации, вродени дефекти, како и зголемен ризик од дебелина кај детето во детството и зрелата возраст.
Merrie Rebecca Walters и Julie Smith Taylor направиле обработка на податоците за последиците од мајчината дебелина. Резултатите покажале дека дебелите жени имаат поголеми шанси да имаат дете со дефект на неуралната туба, срцеви дефекти или повеќекратни абнормалности во споредба со жените со нормален индекс на телесна маса.
Дебелите жени имаат и поголеми изгледи за компликации во текот на бременоста, како што се: гестациски дијабетес, висок крвен притисок, прееклампсија, провоцирање на породувањето, царски рез и постпородилно крварење.
Податоците, објавени во статијата, покажуваат дека дебелината на мајките за време на бременоста е поврзана со дебелината на нивните деца. Дебелината за време на бременоста за повеќе од 2 пати ги зголемува шансите да биде дебело и детето на возраст од 2-4 години. Ризикот од дебелина кај овие деца останува зголемен и за време на адолесценцијата, па се до времето на зрелост.
Во статијата се вели дека е важно жените пред да забременат, да се консултираат со нивните лекари, за тоа колкава треба да биде нивната идеална тежина пред бременоста. На тој начин би се намалиле потенцијалните ризици и за мајките и за бебињата.
Дополнително за да се скрши кругот на дебелина, се препорачува мајките да ги дојат децата. Испитувањата покажуваат дека мајките кои дојат, имаат значително поголемо намалување на тежината во првите 1-12 месеци по породувањето, од жените кои не ги дојат децата. Доењето исто така може да го намали ризикот од дебелина и дијабетес тип 2 кај децата.
- Формула за среќен живот?
- Кршлива уметност
- Близначка го спасила животот на нејзината сестра во утробата на мајката, откако и било кажано дека губењето на двете бебиња е "неизбежно"
- Радосна мајка на чудесна тројка, откако им се спротивставила на лекарите кои ја советувале да ги абортира двете бебиња
- Премногу гледање ТВ кај децата носи ризик за идни срцеви заболувања

