Добивајте известувања од сајтот Твое Бебе! Многу информации за зачнувањето, вашата бременост, бебе, грижата за бебето итн.
Совети за бебето во лето
Сигурно сте приметиле дека нежната бебешка кожа има голема способност за обновување, но во исто време таа е и многу поподложна на оштетувња и повреди отколку кожата на возрасните. Затоа е многу важно да внимавате да го заштите вашето бебе или дете од силните сончеви зраци.
Приказната за доаѓањето на свет на едно детенце
Еве една прекрасна приказна, полна со многу длабока вистина:
Хигиена на запчињата
КОГА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО НЕГА НА НЕПЦАТА И ЗАБИТЕ?
Често поставувано е прашањето кога да се започне со нега на непцата и забите кај бебето, одговорот е колку порано толку подобро.
Татковците и нивното влијание врз успехот на децата
Познатиот и признат социолог Др. David Popenoe е еден од пионерите на релативно младата гранка на испитување на улогата на таткото и татковството. Според него и истражувањата кои се направени, татковците се многу повеќе од само вториот возрасен човек во домот. Татковците кои се вклучени и ангажирани во животот на децата ќе донесат повеќе позитивно влијание од било кој друг човек.
Како да го намалите ривалството помеѓу вашите деца
Речиси секој родител кој има повеќе од едно дете се нашол во многу фрустрирачката ситуација на ривалство помеѓу неговите деца. И покрај напорот за одржување на хармонијата во семејството, сепак децата може да се караат околу играчките, ќе се провоцираат, ќе се задеваат или пак можеби ќе дојдат и во физички конфликт. Ова е тешка ситуација за родителите и можеби се прашувате каде е вашата грешка во нивното воспитување.
- Најавете се или регистрирајте се за да напишете коментар
- Прочитај повеќе
Воспитувањето и ограничувањата
ПРИСТАПИ ВО ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕТЕТО
Постојат повеќе пристапи во воспитувањето на децата.
Едни родители се либерални и попустливи и сметаат дека треба да ги остават децата да прават што сакаат. Овие родители почесто се поставуваат во улога на пријател на детето, одколку на родител. Негативните последици од оваквото воспитување се што овие деца често пати ќе имаат проблем со секој авторитет и недостаток на самоконтрола. Тоа често доведува да имаат помал успех во школувањето и помало ниво на среќа.
Улогата на таткото во животот на детето
ВАЖНОСТА НА УЛОГАТА НА ТАТКОТО ВО ЖИВОТОТ НА ДЕТЕТО
Важноста на здравата врска помеѓу таткото и детето е огромна и со ништо не може да се замени. За разлика од минатото кога исклучиво се нагласуваше важноста на развивањето на односот помеѓу мајката и детето, сега се повеќе се обрнува внимание и се испитува комплексноста на улогата на таткото во животот на детето.
Важноста и изградбата на самопочитувањето кај децата
ШТО ПРЕТСТАВУВА САМОПОЧИТУВАЊЕТО
Самопочитувањето е збир од уверувања и чувства што ги имаме за самите себе, односно тоа е начинот на кој се перцепираме и доживуваме самите себе. Понатаму од оваа перцеција произлегува нашето однесување, мотивација и емотивно прилагодување.
Комуникацијата со вашето дете
Добрата комуникација е исклучително важна за воспоставување на добар однос родител - дете. Таа во исто време ќе го зајакне односот помеѓу нив и самодовербата на детето.

