Совети за бебето во лето

Social Buttons

Сигурно сте приметиле дека нежната бебешка кожа има голема способност за обновување, но во исто време таа е и многу поподложна на оштетувња и повреди отколку кожата на возрасните. Затоа е многу важно да внимавате да го заштите вашето бебе или дете од силните сончеви зраци.

Откриено е дека само едно горење на кожата во детството од прејакото сонце ги дуплира шансите да дојде до рак на кожата кога детето ќе порасне.

Прво веднаш да кажеме дека бебиња до 6 месечна возраст воопшто не е препорачливо да се изнесуваат на летното сонце. Дури и кога ќе наполнат 6 месеци па додека се мали, децата е потребно да не се изложуваат на директно сонце и е потребна голема внимателност.


Кај бебињата и децата системот за терморегулација - (функции кои овозможуваат телото само да ја регулира температурата) не е развиен како кај возрасните. Тоа е причина за топлината и сонцето да можат да нанесат големи, па и оштетувања со трагичен крај. Не се работи само за тоа дека нежната бебешка кожа е многу поподлежна на тешки сончеви изгореници од возрасните, туку заради неразвиениот систем за терморегулација, организмот на детето може лесно да се прегрее, да дехидрира и да дојде до трајни оштетувања или смрт.


За да се уверите дека бебето не е прегреано, редовно проверувајте го на тој начин што ќе го допирате на градите или на грбот. Бебето треба да биде топло, ниту жешко, ниту студено. Немојте да ги проверувате само рацете и нозете затоа што тие често пати можат да останат ладни, а телото да е сепак прегреано.

Лесна памучна облека

Детето секогаш нека е облечено во лесна памучна облека во светли бои. Тенката памучна облека ќе го штити од сонцето и овозможува полесно да се лади телото.

Капа за заштита од сонцето

Децата се многу почувствителни на сонцето од возрасните. Задолжително кога испаѓате на сонце вашето дете нека носи капа со стреа која ќе ги штити главата и лицето.

Антиалергенски лосион специјално наменет за деца.

Децата се често пати многу чувствителни на хемикалиите од заштитните лосиони, па затоа е неопходно лосионот да биде наменет токму за деца, со помалку агресивни хемикалии, а да пружа висок заштитен фактор. Лосионот за заштита од сонце користете во редовно, а заштитниот фактор нека биде барем или поголем од 30. Сепак немојте да мислите дека затоа што сте му ставиле заштитен лосион можете бебето да го оставате на силна сончева светлина.

Шише со вода

Децата многу лесно можат да дехидрираат и да дојде до многу тешки последици. Секогаш внимавајте вашето дете да прима многу течности. Додека исклучиво го доите бебето веројатно ќе нема потреба да му давате вода, во мајчиното млеко има дел кој е побогат со хранливи материи и дел кој е побогат со вода. Можеби само ќе треба да го доите во пократки интервали. Доколку му давате вештачко мелко или го прихранувате, водата е задолжителна.

Пелени

Ако детето носи пелени гледајте што повеќе да биде без нив. Летно време пелените знаат да бидат особено непријатни.

На крај, летото може да биде прекрасен период за уживање со вошето бебе, максимално искористете го за тоа.

Designed by Antsin.com