Машките репродуктивни проблеми придонесуваат за намалување на плодноста

Намалувањето на плодноста кај мажите може уште повеќе да го отежне зачнувањето и да придонесе за ниската стапка на раѓање во многу земји.

Повеќе од 10% од паровите во светот се неплодни, што продонесува за зголемена потреба од примена на техники на потпомогнато оплодување, како ин витро.

Бројот на сперматозоиди во спермата на мажите е значително намален во последните 50 години во развиените земји. Денес, барем 1 од 5 мажи во Европа се соочува со намален квалитет на спермата и спаѓа во субфертилниот домен. Нивото на тестостерон исто така опаѓа. Ова се одразува со зголемување на ракот на тестисите во индустриските земји и повеќе аномалии, како неспуштени тестиси. Сите овие фактори се поврзани со намалување на плодноста и можат да потекнуваат уште од феталниот развој.

Важноста на машкото репродуктивно здравје за плодноста во бракот често пати се пренебрегнува, вели Проф. Niels Skakkebæk од Универзитетот во Копенхаген. Жените го одложуваат мајчинството и сега гледаме дека слабиот квалитет на спермата уште повеќе го отежнува зачнувањето. Нискитот квалитет на спермата придонесува за зголемена потреба од ин витро третмани, но во исто време ја прави терапијата помалку успешна.


Тој додава:


Потребна ни е заедничка стратегија во Европа со насочено истражување за да можеме да ја идентификуваме слабата состојба на машкото репродуктивно здравје. Тоа што намалувањето на машкото репродуктивно здравје се случи во последните неколку декади, покажува дека повеќе е предизвикано од фактори на околината и животниот стил, отколку од генетиката. Значи ако точно ги утврдиме причините за состојбата, таа ќе може да се избегне.


Кај мажите животните навики како дебелината и пушењето можат да влијаат врз бројноста на сперматозоидите, но ефектите се мали. За ралика од тоа, кога жените пушат за време на бременоста, се случува многу поголемо намалување на квалитетот на спермата кај нивните синови кога тие ќе пораснат.

Останува да се направат испитувања за да се идентификуваат сите фактори кои влијаат врз намалувањето на плодноста.