Во Британија е пуштен во продажба првиот домашен тест за проверка на плодноста кај мажите

Викендов во продажба е пуштен првиот домашен тест наречен SpermCheck, кој овозможува проверка на состојбата на спермата кај мажите во домашни услови.

Експертите се надеваат дека тестот кој чини 30 фунти или околу 2200 денари, ќе им помогне на паровите кои имаат потешкотии со проширувањето на семејството.

Тестот е дизајниран да личи на тест за бременост и покажува дали мажот има "нормален" или "низок" број на сперматозоиди. Резултатите се очитуваат по 10 минути.

Точноста на тестот е 98%, произведувачите велат дека е иста со лабораториските тестови и може да покаже ако мажот има повеќе или помалку од 20 милиони сперматозоиди на миилитар - граница поставена од Светската Здравствена Организација.

Специјалистите имаат забелешка дека тестот го покажува само дали бројот на сперматозоидите е над или под 20 милиони на мл, но не и нивната здравствена состојба.

Ако бројот на сперматозоиди кај мажот е понизок од 20 милиони на мл не значи дека тој не може да зачне деца по природен пат, туку тоа може да влијае врз неговите шанси за да се случи тоа. Производителите на тестот им препорачуваат на мажите кај кои тестот покажал ниско ниво на сперматозоиди, да се консултираат со лекар.



Генералниот менаџер на SpermCheck вели:

Со овој тест ќе им помогнеме да паровите, кои се соочуваат со неплодност.

Многу пати жената е оптоварена со тоа да открие што не е во ред, но во реалноста, во 40-60% од случаите се работи за машки фактор на неплодност.