Само 5 часа возење со велосипед седмично би можеле да ја оштетат машката плодност

Мажите кои редовно возеле велосипед се покажало дека имаат помала бројност на сперматозоидите од пациентите кои не возеле велосипед.

Претходни студии покажаа дека професионалните велосипедисти имаат зголемена веројатност да страдаат од ниска бројност и квалитет на спермата. Но изгледа дека ризикот е поголем и кај оние кои не се професионални возачи.

Студија покажа дека мажите кои посетувале клиника за плодност и кои возеле велосипед барем 5 часа седмично имале помалку активни сперматозоиди од мажите кои воопшто не вежбале.

 

Внимателно со возењето велосипед


Истражувачите од Универзитетот во Бостон испитувале 2200 мажи кои посетувале клиники за плодност и се согласиле да дадат примерок од спермата.

После прилагодувањето на резултатите со тежината, крвниот притисок, изборот на долна облека и другите варијабили, се покажало дека мажите кои редовно вежбале немале поголеми проблеми со квантитетот и квалитетот на спермата, од оние кои не вежбале.

Но кога била направена анализа на специфичните начини на важбање, се покажало дека оние мажи кои возеле велосипед барем 5 часа седмично имале двојно поголеми изгледи за намалена бројност и релтивно слаба подвижност на сперматозоидите.

Оваквите резултати можеби се последица на траума или зголемената температура во скротумот за време на возењето на велосипед. Водачот на студијата Lauren Wise вели дека се потребни понатамошни студии со кои ќе се потврдат резултатите.

Таа уште додава дека можно е испитуваните мажи да не се репрезентативен примерок за целата популација затоа што веќе посетувале клиника за плодност, што укажува на тоа дека тие веќе имале зголемена веројатност за проблеми со нивната сперма.